09.10.2012, 17:51 „Луј Витон“, „Зара“ и „ХиМ“ – глобално најдобри
Според истражувањето на компанијата „Интербренд“, најдобар глобален моден бренд е француската луксузна куќа „Луј Витон“, која оваа година, врз основа на проценетите годишни вредности, успеала да ги победи другите луксузни кандидати како што се „Прада“, „Гучи“, „Барбери“ и „Хермес“.
Но, зад „Луј Витон“, кој очигледно одлично го води креативниот директор Марк Џејкобс, не се наоѓаат скапоцените модни куќи, туку двата најсилни бренда на „улична висока мода“, кои го имаат покорено целиот свет „ХиМ“ и „Зара“. Нив во чекор ги следат „Гучи“, „Хермес“, „Барбери“, „Прада“, „Ралф Лорен“ и „Гап“.
На вкупниот попис на најлуксузни глобални компании, француската модна куќа „Луј Витон“ го зазела 17. место, со заработувачка од 23,5 милиони долари, шведскиот џин „ХиМ“ се најде на 23. место (16.571 милион долари), а „Зара“ на 37. место (9.488 милиони долари). Се чини дека овие два „хај стрит“ бренда убедливо ги имаат победено луксузните брендови како што се „Гучи“, „Хермес“ и „Картие“, со оглед дека тие се нашле на 38., 63. и 68. место на списокот од 100 глобални бренда.
„И покрај моменталната економска криза во светот, оваа година луксузните брендови успеаја да ги зголемат своите приходи, а тоа е резултат на променетата глобална свест, зашто успехот им се темели не само на квалитетните производи, туку и на нивниот углед, кој е безвремен, како и на дигиталната достапност“, пишува во соопштението на компанијата „Интербренд“. |