09.10.2012, 18:03 Името станува формален услов
Брисел ќе побара спорот со Грција да се реши во раната фаза на преговори со Унијата
Слободанка Јовановска
Македонија денес ќе добие четврта писмена препорака за преговори од ЕК, придружена со една усна - дека за консолидирање на реформите во земјата Грција треба да дозволи таа да биде последна, односно земјата да добие датум за преговори. Наградата нема да биде без цена, бидејки висок функционер на ЕУ вчера соопшти зад затворена врата дека името формално станува услов за Македонија, нешто што не го кажуваа досега. Иако извештајот ќе се објави денес попладне, оваа најава веќе е официјализирана, така што не треба да се очекуваат изненадувања, освен како и претходните години да се пребројува дали и колку ќе биде употребена придавката македонски и каква оценка ќе ни напише ЕК за реформите, од единица до петка. Вчера од дипломатски извори од Брисел стигна веста дека ЕК ќе бара преговорите на Македонија со ЕУ да почнат, а проблемот со името да се решава паралелно, со услов да биде решен во раната фаза. Тоа значи дека Македонија ќе добие и рок за преговори, и рок за решавање на спорот, со барање ова второто да се случи без одлагање и што поскоро. Тоа треба да биде цената на дијалогот на високо ниво што го прифати Македонија и цената на најновата препорака, но останува да се види дали во декември таквото политичко сценарио ќе помине на самитот на земјите членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Грција.
Првпат годинава во сенка на позитивните вести ќе паднат во втор план критиките за неостварените реформи и препораките, а тие ќе бидат многу важни за натамошниот процес на евроинтеграција на Македонија. Хрватските медиуми таквите препораки ги озаглавија како заповеди, а таква тежина тие ќе имаат и за нашата Влада. Според Стратегијата, која како придружен документ на извештајот ќе се дистрибуира денес, а веќе е достапна за јавноста, Владата ќе мора да се фокусира на неколку нешта.
- Првото е јакнењето на слободата на изразување и на медиумите што според ЕК ќе остане цел во фокусот на нивното интересирање.
- Второто е соодветно функционирање на институциите кои се неопходни за демократско владеење и за правна држава, нешто што ЕК го опиша како приоритет во „срцето на политиката на проширување на Унијата“.
- Третата задача е создавање силна рамка за борба против корупцијата, што го вклучува финансирањето на политичките партии, менаџирање на конфликтот на интереси, транспарентност во јавните набавки, веродостојна статистика на исходот од судските процеси против корупција и слично.
- Јавната администрација, според ЕК, ќе биде важен приоритет кај политичките критериуми и од неа ќе се бара поголема одговорност, ефективност и транспарентност пред граѓаните што ја плаќаат.
- Човековите права, а тука и правата на сексуалните малцинства ќе мора исто така да се приспособат на ЕУ-стандардите.
- Помирувањето околу воените конфликти треба да биде процес предводен од владата и политичките лидери, кои треба да креираат атмосфера за справување со минатото. Тие проблеми заедно со меѓуетничките односи и билатералните спорови, според ЕК ургентно треба да бидат одговорени. Притоа стои дека мора да се комплетираат процесите на обезбедување правда за воените злосторства, иако во случајот со Македонија таа тема ЕК може да ја смета за затворена со амнестијата.
- На економски план ЕК ја издвојува огромната невработеност со оцена дека разочараноста од социјална ситуација расте бидејќи граѓаните не можат да си ги дозволат веќе и базичните нешта, па како резултат на тоа бараат работа во странство. ЕК смета дека политичката волја за реформи во оваа сфера е слаба и дека начинот на кој се троши буџетот (во Македонија и другите земји) не придонесува за подобрување на ситуацијата. |
|
Статијата е прочитана 2482 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Ljubotan Tradee Name, 10.10.2012 03:21:06 | Ovie Uslovi, Nitu Edna Od Skandinavskite Zemji, ne moze da gi ispolni . Ovoj kritererium nitu edna clenka ne moze da go ispolni! Da e, samo ova.Eeee Bugarija, vece otvoreno najavuva mnogu precki : Jazik,Istorija,Literatura , Veroispovest,Religija ,Granici , Istoriski Licnosti i sto ne uste drugo.So site moi kontakti Albancite ce bidat posledniot obstikal, taka narecen NEPREMOSTIV.ALBANCITE NIKOGAS NE CE DOZVILAT DA ZIVEAT VO;GORNA,DOLNA,SEVERNA,SREDNA ,ili bilo kakva Makedonija ako vo imeto na taa drzava nee vklucen i Albanskiot identitet! [CHI VIVRA VEDRA]da bideme zivi pa ce vidime! |
| ФЕЛИКС, 10.10.2012 07:28:59 | Aвторот на текстот повторно даде приоритет на забелешките кој се во сенка на најпозитивниот извештај на ЕУ за напредокот на земјата.Па така испадна повторно да ,,сенковитоста,, е повторно пред ,,сончевината,,од разбирливи причини.Исто како што се разбирливи причините на Шатевци пред една недела со интерпелацијата да го претркаат позитивниот извештај на ЕУ.Како и да е останува јадот , чемерот и завидливоста проткаено со неразбирање. Неразбирањето е во тоа што ова е најпозитивен извештај на ЕУ за напредокот нашата земја,значи за сите нас.Па и за гордите носители на трите посочени нивни обележја погоре во коментарот. |
| mkd, 10.10.2012 09:43:14 | Realno kako sto bi stanalo imeto uslov taka i bi mozelo da se izbrise kako uslov.Bitno e Makedonija da gi pocne pregovorite a posle samata EU ke go zanemari toj uslov bidejki ova e tesenje na GR za da ne skoka mnogu. |
| цук, 10.10.2012 09:54:01 | Браво за К*****А ЕУ. Постави стапица, која се разбира дека и’ е добредојдена на нашата влада за која се’ почесто кружат информации дека бара начин како да го промени името а да не испадне Д БЕД ГАЈ. Всушност, чисто се сомневам дека и овој „нов“ барем официјално искажан, услов, бил без знаење или некакви консултации со некои од нашите редови. И сега, се разбира, кога ќе има референдум, влез во ЕУ, промена на име, тоа ќе биде така слатко зашеќерено да не може да се одбие. Или поточно речено, ќе биде така формулирано што не ќе има опција за да ЕУ (?) а не промена, што повеќето ќе си заокружат да (промена и влез).
А со другине НЕШТА, просто смешно е колку е невозможно, просто смешно е како сите ќе залетаат како магариња, мислим како ќе имаат образ да тврдат дека постои нешто онакво како слобода на говор, функционирање на институции, ефикасна администрација?(тука нема да стане збор за отпуштања), човекови права на мнозинството исто нема да се обработат, И ПОМИРУВАЊЕЕ. |
| Hari, 10.10.2012 10:50:46 | Felco, koga stanuva zbor za izvestajot bi blo ubavo da dades prosvetleno tolkuvanje za politickite zatvorenici vo Makedonija i sudska zabrana od strana na minister za legitimen strajk:))) Dali e toa pozitivno??? |
| Fel(k)iks, dosta kiksirashe!, 10.10.2012 11:57:47 | Gospodine Feliks, pushti gi izveshtaite na bilo koj, pa i ovie od EU, bidejki i samiot znaesh kolku se realni, od razno-razni prichini. Nego, zemi proshetaj malce niz Istochna Makedonija, pa da ja vidish seta beda i jad, kako rezultat na uspeshnoto rabotenje na vladata. Ili proshetaj do Shipkovica i Gajre, moze i do Arachinovo, pa ako ti e i tamu daleku, togaj do Chair, pa da vidish koja e taa drzava i kakov e sozivotot tamu? I toa e delo na rabotata na vladata i nejziniot premier. Znam, Branko e kriv! Grujo e odgovoren i zasluzen samo za uspesite (ako gi voopshto ima). Seto drugo, i posle 7 godini, e delo na Shatevci. Aferim! |
| do cuk, 10.10.2012 16:59:30 | Imas bujna fantazija.Vladata nema da menuva ime i pretstavnici od vlasta toa mnogupati go kazale.Da sakase da go smeni imeto,vladata ke go smenese pred ili malku vreme posle samitot na NATO vo Bukurest.Funkcionerite od megjunarodnata zaednica se neprijatno iznenadeni od makedonskite vlasti i sekako od narodot zatoa sto ni prikaskite za nekakva virtuelna blagosostojba so eventualno vleguvanje vo NATO i EU ne gi tera i odbivaat da smenat ime.Makedonskiot premier indirektno rece vo parlamentot za vreme na interpelacijata deka nema menuvanje ime i ke staneme clenki tamu koga juzniot sosed ke ja trgne blokadata.Toa znaci bez kompromis za imeto treba da ja trgne blokadata kon nas juzniot sosed.Ako ne ja trgne,pa sto.Nikomu nisto. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 12°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
Вторник
Облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|