Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
09.10.2012, 18:15

Порталите ги затемнија екраните

Социјалните мрежи се бунтуваат против законските одредби за комуникација на интернет

Даниела Трпчевска



Три точки место статуси на „Фејсбук“, затемнети страници на најпосетуваните портали во земјава, остра дебата на социјалните мрежи „Фесбук“ и „Твитер“ за законските прописи кои се предлагаат за комуникација на интернет. Член 11 од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој влезе во собраниска процедура, ја вжешти јавната дебата. Повеќето портали завчера на полноќ ги затемнија екраните, стравувајќи дека ако се усвои предложениот закон, на македонскиот интернет ќе му се случи тотален мрак.

„Не за цензурата! Приклучете се на акцијата за затемнување на македонскиот интернет, се само дел од пораките кои циркулираа на мрежите. Високите парични казни од 27.000 евра кои ќе треба да ги плаќаат провајдерите за содржини и коментари кои некој друг ги поставил на интернет, а се сметаат за навреда и клевета, според сопствениците на порталите не значи ништо друго – туку сигнал дека многумина од нив можат да згаснат.

„Нема никаква логика провајдерот или блогерот да биде одговорен за коментарите кои се поставени на неговиот сајт“, вели сопственикот на „Тајм.мк“, Игор Трајковски, портал кој презема стотици информации објавени од сите медиуми во земјава. Ако во некој од тие текстови има содржина што е навредлива, Трајковски стравува дека и тој би можел да биде казнет поради тоа.

Ќе се случи ли целосен пресврт во досегашната комуникација на интернет, кој граѓаните го доживуваат како простор за размена на мислења, коментирање и конструктивна дебата. Ќе станат ли социјалните мрежи „џубокс“ каде што ќе се постираат само песни и „лесни“ содржини за кои никој не би можел да понесе одговорност?

Според Филип Стојановски од фондацијата „Метаморфозис“, спорен е член 11 со кој се наметнува одговорност за „провајдерите на интернет-услуги“ во однос на тоа што го објавуваат нивни корисници, меѓу кои може да бидат и блогери, лица што оставаат коментари, членови на форуми... Со оглед дека тоа би било нерентабилно за провајдерите да најмат тимови адвокати и модератори кои постојано би ги чешлале содржините, ваквиот закон би можел да доведе до автоматско цензурирање меѓу граѓаните.

„Ако имаш твоја страница, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа на ден. Твојот веб-сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет-провајдерот, без судски налог. Твојот (интернет-провајдер) или кој било центар на моќ ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни. Како провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра“, се вели во повикот што беше упатен од сопствениците на порталите за затемнување на интернет-страниците.

Затемнувањето на екраните е само првиот чекор што го презедоа членовите на интернет-заедницата во земјава. Тие најавуваат дека во идниот период ќе следат и други активности, со цел да се влијае пратениците да не ги усвојат спорните законски одредби кои се однесуваат за комуникацијата на интернет.


Статијата е прочитана 1286 пати.

Испрати коментар



Студентите избираат нов лидер
ВМРО-ДПМНЕ го пребројува членството
Трајановски не се плаши од СДСМ
Интервју - Живееме во нетолерантни општества
Името станува формален услов
Светилка во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ
Владата ќе прифати амандмани на СДСМ



Ѓорѓи, 10.10.2012 01:15:04
Па зарем плаќањето парно ако си се исклучил од него не е ист рекет со сила? Кај може некој да те нарера да го плаќаш она што не си го купил? Па така и цензурава - сила Бога не моли.
Весна.С. од Прилеп, 10.10.2012 01:25:37
Го подржувам револтот на провајдерите за спорниот член 11 од Зконот за одговорност за навреда и клевета.На тој начин ќе бидиме спречени да го коментираме и да го искажиме своето мислење во врска со однесувањето и постапките на политичарите, коко и нивните изјави .Овој закон исто така ќе оневозможи да ги критикуваме појавите и состојбите во кои се наоќа македнското општество,а никако исто така нема да придонеси за унапредување на меќунационалните односи.Со забрани не се решаваат проблемите .Тие сепак еден ден ќе излезат на поршината со сета своја жестокост
Nata, 10.10.2012 02:13:45
Belorusija e zemja na sloboda vo sporedba so nas. E vaka se gradi demokratija, so prerodbenicite napred.
gnevna, 10.10.2012 10:30:11
uaaa,uaaa,uaaa, uste edna nevidena blamaza; mora da probame do kade e merkata za isklucuvanje i kazna; ke probame na poveke nacini, so razlicna kolicina na tvrdenja koi ne im se dopadjaat, pa bas da vidime kade e limitot nad koj si vo ili nadvor od mrezata;ha,ha,ha
Панко П., 10.10.2012 10:59:49
Незнам што се треба на овој заблуден народ да му се случи за да разбере дека живееме во најцрна ДИКТАТУРА. Претседател, Влада со министерствата, Парламент, лок. самоуправа, комплетниот судски систем, синдикат, ,,невладини организации,, директори по јавни претпријатија, запослувања по партиски клуч, медиуми, чистење на неподобните до ниво на хигиеничарки, набилдани цени на монополски организации, непрофитни инвестиции во споменици, тајни договори и провидни кавги помеѓу коалиционите партнери...е тоа е ДЕМОКРАТИЈАТА на ГОЛЕМИТЕ ПАТРИОТИ.
Трпе, 10.10.2012 13:42:06
Животните и домашните миленици се повеќе згрижени и добиват поголема слобода.На македонскиот народ од ден на ден се повеќе му се ограничува слободата.Но по се излегува дека на народот му се допага да живее во резерват,кој се повеќе наликува на логор.
nekoj, 10.10.2012 23:06:45
Hmmmm, A sto e toa kleveta? Zosto tolku im se posvetuva vnimanie na toa sto nekoj rekol za nekogo? Nikogas ne moze covek da ima kontrola nad toa sto mislat drugite, taka da vakvite metodi se ragaat od luge koi voopsto ne go razbrale zivotot. Se nadevam nema da pominat vakvite zakoni.
Makedonec vo EU, 11.10.2012 00:25:52
Zbogum na slobodata na govor na stranicite hostirani vo Makedonija... Ubav primer za kompjuterizacijata, po mega-uspehot Digitron za sekoe dete....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |