13.10.2012, 12:50 Истрелани куршуми во штабот на Обама во Денвер
Полицијата соопшти дека непознати лица истрелале куршуми кон штабот на американскиот претседател Барак Обама во Денвер, Тексас.
За среќа во моментот на инцидентот немало луѓе во просторијата, па никој не е повреден. Причинета е помала материјална штета, бидејќи е искршено стаклото од излогот на калнцеларијата. Се верува дека напаѓачите пукале од автомобил, соопшти портпаролот на полицијата во Денвер, Ракел Лопес.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 6-ти ноември.
|