Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.10.2012, 14:53
Политичка тројка



ЕК ги амнестира амнестираните од ОНА и бара да се реши статусот со „жртвите од конфликтот во 2001 година“, а не само на бранителите. Најлоша оцена ЕК ни даде за борбата против корупцијата

Слободанка Јовановска

Македонија ги исполни задоволително политичките критериуми - е главната оценка на Европската комисија денеска во извештајот за прогрес, која беше аргумент по четврти пат да ни даде препорака за преговори. Во споредба со минатата година, кога Македонија беше предупредена дека изгубила цела година и дека тоа не треба пак да и' се случи, годинава најспоменуваната оцена на Брисел е дека „има некаков прогрес“, или нашки кажано тројка.

Поконкретно, Брисел не' пофалува и ни забележува за следните нешта: на позитивната страна стои дека Владата усвоила измени на изборните закони, дека го почнала процесот на укинување на клеветата како кривично дело и дека првпат донела преглед на исполнувањето на Охридскиот договор, како три клучни напредоци. Сепак, стои натаму, моментумот во реформите треба да се одржи во сите области и да се осигура тие да се имплементираат, а фокусот да биде на владеењето на правото, на слободата на изразување, на меѓуетничките односи и како нов збор што се почесто се слуша - помирувањето.

На страната на критиките, ЕК, исто така, има што да каже. „Тензиите меѓу заедниците по насилните инциденти во првата половина на годинава предизвикаа загриженост. Владата одговори зрело на овој предизвик и треба да продолжи со јакнење на меѓуетничките односи и помирувањето, вклучувајќи го статусот на жртвите од конфликтот од 2001 година“, стои во извештајот, кој очигледно бара власта да не прави разлика меѓу ОНА и бранителите и да го реши ова прашање преку законот што го блокира македонскиот парламент. ЕК, исто така, гледа „некаков напредок“ околу употребата на законот за јазиците, што веројатно се однесува на говорењето на министрите на албански не само во парламентот, туку и на други меѓународни или домашни настани, како што е обраќањето на Теута Арифи во присуство на ЕУ-функционерите и на Фатмир Бесими во АРМ. Зошто „некаков“ прогрес и до каде треба да оди овој процес е прашање за кое треба да даде објаснување не само Брисел, туку и нашиот државен врв. За политичкиот дијалог ЕК вели дека се одржува и дека клучните барања на опозицијата биле земени предвид при утврдување на деловникот. За изборната рамка, сепак, се забележува дека не се исполнети сите препораки на ОБСЕ, а во функционирањето на коалицијата Брисел не гледа проблем и оценува дека таа таа продолжува и била успешна во ставањето на евроинтеграцијата во центарот на вниманието. Во заклучоците од извештајот ЕК не ги споменува како проблем односите со Бугарија, туку, напротив, генерално оценува дека Македонија во целина играла конструктивна улога во билатералните односи со соседите и дека тие односи натаму биле развивани.

И за реформата на јавната администрација ЕК оценува дека е направен „некаков“ прогрес, но дека таа и натаму не е транспарентна, професионална и независна и во неа не се почитува принципот на напредување според заслугите. За судството стои дека се потребни натамошни напори за да се гарантира неговата независност и непристрасност, дека се потребни соодветни процедури за отпуштање, а напредок има само во намалувањето на бројот на нерешени случаи. За корупцијата оценката е најлоша, односно дека има „малку видлив прогрес“ во однос на крајните резултати. Дека капацитетот за пресметка со корупцијата е слабо зголемен, дека се' уште нема листа на завршени високопрофилни случаи и дека корупцијата преовладува во многу области и останува сериозен проблем. Како проблем се посочуваат и стоте меѓународни потерници од кои нема епилог, додека во сферата на човековите права се нагласува силно состојбата со медиумите. „Кривичниот закон треба да биде сменет, а Советот за радиодифузија треба да докаже дека следи недискриминаторски и транспарентен пристап“, стои во извештајот со забелешка дека „останува широкораспространетата загриженост околу недостигот од плурализам и самоцензура“. Препораката е да се направат уште напори за да се реши проблемот со транспарентноста на владиното финансирање и работничките права на новинарите. ЕК повторно ни забележува и за недавањето права на хомосексуалците, ги „амнестира“ амнестираните од ОНА и не' прекорува за билатералниот договорот за негонење со САД.

За името, кое практично влезе на голема врата во извештајот, ЕК има сосема нов пр��стап, што го потврди висок функционер на ЕК на затворен брифинг во Брисел, и според кој досега името само се посочуваше како проблем, а сега станува формален услов за нашата евроинтеграција, иако се уважува и хашката пресуда. „Преговорите под покровителство на ОН треба да продолжат со зголемена енергија, како и билатералните контакти и средби. Потезите и изјавите што можат да влијаат негативно на добрососедските односи треба да се избегнуваат“, стои во документот откако претходно јасно се бара да и' се овозможи на Македонија да добие преговори, како нешто „неопходно за да се консолидираат реформите, да се засили владеењето на правото и да се зајакнат меѓуетничките односи“.


Статијата е прочитана 1499 пати.

Испрати коментар



Со нож го прободела насилниот полубрат
Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
Осудениот за убиството во „Биг фиш“ наскоро на слобода?
СДСМ - Владата да признае дека економскиот дел од извештајот е негативен
Македонскиот одговор на грчкиот меморандум во декември
На Деве Баир запленет хероин вреден милион евра
Ставрески - СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
Црногорците во недела избираат нов Парламент
(ФОТО) Пожар во подземните гаражи кај Зелен пазар во Скопје
Германија притиска за враќање на визите за Македонија
Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Почнува кампањата за претседател на Словенија
Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
САД под закана од „кибернетски Перл Харбор“
ОМД - Советот на ЕУ да одреди датум за преговори
ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
„Кока-Кола Хеленик“ се сели во Швајцарија
Украина ќе престане да купува руски гас
Дебатата Бајден-Рајан со чести прекини и меѓусебни обвинувања
Стејт департментот бара придвижување на разговорите за името
Македонија им се поклони на хероите од НОБ
Нобел за литература за Мо Јан
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Скопјанец избоден поради паркинг
Атина во декември ќе ги отвори картите
Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Ставрески - Ќе донесеме свеж капитал и ќе им исплатиме на фирмите
Прилеп го одбележа 11 Октомври
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Врачена државната награда „11 Октомври“
Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Филе-Дачиќ - Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Путин се налути - не оди во Анкара
Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Европската комисија најави нова индустриска „револуција“
Кирил Спироски од Правен има најмногу гласови за нов лидер
Предлогот на ЕК шанса да се стави крај на грчката блокада
Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание
Врачување на државната награда „11 Октомври”
Македонија одбележува 71 година од антифашистичкото востание
Груевски - Датумот за преговори ќе отвори ново поглавје за Македонија
„Оне“ со поголеми приходи
Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици
Опозицијата го поздрави напредокот
Бугарските поплаки маргинализирани
Во сеопштата политизација МАНУ мора да ја одбрани науката
ЕК предлага паралелни преговори и за ЕУ и за името
Нова општинска зграда на Карпош на старото место
Ја ранил љубовницата, го убил соперникот
Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
(ФОТО) Паркот спроти „Бристол“ замина во историјата
Марихуана пронајдена во Градско
Исчезнатиот овчар пронајден жив
Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Реакциите ja вратија придавката „македонски“ во извештајот
Потврдени затворските казни за две од трите девојки од „Пуси рајот“
Ленин заминува и од центарот на Улан Батор
Ангела им пружи рака на Грците
Британски муслимани уапсени за тероризам на Хитроу
Католичката црква oд 2013 година ќе плаќа данок на имот во Италија
„Бестрашнот Феликс“ - Разочаран сум, но не отстапувам
Македонија доби и препорака и услов
Мадрид го блокираше референдумот за независност на Каталонија
Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис
Б92 - Има надеж за решавање на името
МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Протести против Златна Зора во Њујорк
Стејт департментот одбил две барања за засилување во Бенгази
(ФОТО) Меркел донесе поддршка, но не и подароци
(ФОТО) Сашо Станинов имаше сообраќајка во Скопје
Протестно писмо од Тачи до Самарас



пријател, 10.10.2012 15:56:27
Можно ли е новинар со големо искуство да напише ваков лош текст? Се` е „округло па на ќоше“! Извештајот ОЧИГЛЕДНО барал власта да не прави разлика помеѓу ОНА и бранителите???Јовановска,дали извештајот БАРА или ОЧИГЛЕДНО БАРА?Друго,по што заклучивте дека името ПРАКТИЧНО ВЛЕГЛО во извештајот на голема врата и досега САМО СЕ ПОСОЧУВАЛО како ПРОБЛЕМ,а сега станало ФОРМАЛЕН УСЛОВ за наша евроинтеграција?Можете ли да бидете поконкретна или треба да тумачиме што сакала да ни`каже Слободанка Јовановска за тоа што пишувало во извештајот на ЕК?
Dr. Jovan Oslo Norveska, 10.10.2012 16:27:17
Mnogu pati sum pisuval za uvazenata gospogja Slobodanka Jovanoska, mislam taa ili samata so sebe ima problemi ili tolku ja mrzi sopstvenata drzava, ili raboti za nekoi skrieni nadohnadi. Sramota e i mislam nema vece smisla. Dokolku ne bide objaven tekstov direktno ce se obratam kaj gospodinot Kamcev.
ФЕЛИКС, 10.10.2012 18:05:02
Сепак најважната работа е предлогот да почнат преговорите за прием и да течат ПАРАЛЕЛНО со преговорите за името.За прв пат предлог преговорите за името не се на прво место.Токму тоа што предлагавме како стратегија за влез во ЕУ и НАТО.Тоа би требало да се искоментира и поздрави.Оти секогаш ќе има и позитивни оценки но и критики.На кој ќе се ,,лепат,, и власта и опозицијата,како и нивните подржувачи.Значи на прво место паралелизам влезот во ЕУ и преговори околу проблемот со името.
До „пријател“, 10.10.2012 20:59:39
За да ги видиш тие работи треба да направиш само едно: да ја извадиш главата од песок!
стеф, 10.10.2012 21:46:42
Ако земете да го прочитате извештајот на бриселски англиски исто така ќе забележите дека се е округло па на ќоше.Таков е нивниот дипломатски речник.Инаку,реално читајќи го,најважното е дека треба сепак да се свитка кичмата и да се направат многу отстапки не само према Грција туку и внатре према албанците.Исто така изненадува и слабата оценка на агрокомплексот на кој се трошат огромни суми од домашниот буџет.Во контекст на претходниот коментар,сепак новинарите се тие кои треба на обичниот македонски граѓанин да му го доближат извештајот,инаку вака се изгледа нафрлено како да раскажувало дете од прво одделение.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Армстронг одново на столбот на срамот
Антидопинг агенцијата на САД тврди дека седумкратниот победник на Тур де Франс ги терал да се допингуваат и колегите од ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |