11.10.2012, 14:34 Дигитална дистрибуција на новото ЕП издание на Кирил
Новиот материјал веќе имаше своја промоција на настапите на Џајковски летовои наиде на одличен преим кај публиката и медиумите
По успешната концертна сезона летово и реализацијата на музиката за актуелните македонски филмови Трето полувреме и Балканот не е мртов, шест нови композиции на Кирил Џајковски излегоа на новото ЕП издание во дигитална дистрибуција.
Новиот материјал веќе имаше своја промоција на настапите на Кирил летово (Ле Виеј Шару, Ау Фон Де Ла Ру, Латин О Рок, Лент Фестивал, Рок Оточец, Белград Бирфест, Шпанцирфест...) и наиде на одличен преим кај публиката и медиумите. Музичката јавност наскоро ја очекува и видео промоција на новиот видео спот на Кирил Џајковски, снимен за песната „Лион’с Ден“ (Лион’с Ден). Песната е и бонус-тема на новото ЕП на Кирил, на која како вокали гостуваат МЦ Васп и Гето Прист . Официјалната видео премиера на спотот е на 22. октомври на регионалниот музички канал „МТВ Адриа“ .
|