11.10.2012, 15:00 Академик Томе Серафимовски и подари на МАНУ скулптури и цртежи
Делата се презентирани на изложбата под наслов „Подарок за навек“ што беше отворена вчеравечер со обраќање на претседателот на Академијата, Владо Камбовски, во Ликовниот салон на МАНУ
Академикот скулптор Томе Серафимовски и' подари 78 свои дела, цртежи и скулптури на Македонската академија на науките за нејзиниот 45. роденден.
Делата се презентирани на изложбата под наслов „Подарок за навек“ што беше отворена вчеравечер со обраќање на претседателот на Академијата, Владо Камбовски, во Ликовниот салон на МАНУ.
Пригодна беседа одржа академик Луан Старова. (К.Р.)
|