Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
10.10.2012, 09:37

Да наздравиме со чаша вино

На плоштадот „Македонија“, вечерва со почеток во 21 часот, стартува шестото издание на фестивалот за промоција на вино „Виноскоп

Шестото издание на фестивалот за промоција на вино „Виноскоп“ стартува вечерва, со почеток во 21 часот, на плоштадот „Македонија“. Оваа година ќе се претстават 19 производители на вино, меѓу кои се винарниците „Стоби“, „Тиквеш“, „Бовин“, „Сковин“, „Шато Камник“, „Шато Сопот“,„Попов“, „Попова кула“, „Филовски“, „Визба Валандово“, „Вардарска Долина“, „Картал“, „Пивка“, „Дудин“, „Изворно“, „Имако“, „Винарија Охрид“, „Пирган“ и „Бахус-Алтан ракија“.

Музичката програма претежно ја сочинуваат македонски изведувачи: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, „Нокаут“, Нино Величковски, Миле Кузмановски... Официјалниот почеток на фестивалот ќе го означат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Ова е традиционална манифестација што ја организира Град Скопје. Целта е да се афирмира производството на вино во Република Македонија, како и да се промовираат македонските вина во државата и надвор од Македонија“, изјави Трајановски на вчерашната прес-конференција во Град Скопје.

Фимка Шопова-Темова од организацискиот тим на фестивалот информираше дека и годинава, како и досега, посетителите можат да уживаат во виното и храната преку принципот на ваучери. Основната цена на едно вино ќе биде 70 денари, а понатаму винарниците ќе одредуваат, во зависност од квалитетот на виното кое го продаваат.

„Ново е тоа што годинава посетителите ќе можат да си купат сувенир од фестивалот. Има изработено маички со различни апликации, беџови и брендирани чаши со логото на фестивалот, кои ќе можат да се купат во посебно катче, виношоп, куќичка лоцирана на плоштадот ’Македонија’“, додаде Темова.


Статијата е прочитана 495 пати.

Испрати коментар



Во Велес отворен 10. Меѓународен салон на стрип
Молитвено чествување за Тоше Проески
(ФОТО) На Скопје му треба катализатор за развивање на креативната мисла
Принцезата Дијана убиена во возилото на брза помош
Прилепскиот театар подготвува премиера од Шекспир
„Самсунг“ го претстави Galaxy S3 Mini
Откриенa планетa составенa од дијаманти
„Хахаха“ во живо на Канал 103 пред скопскиот концерт
Академик Томе Серафимовски и подари на МАНУ скулптури и цртежи
Дигитална дистрибуција на новото ЕП издание на Кирил
Северина го призна прекинот на врската со Милан
Заврши фестивалот „Албански театар во Македонија“
„Блесок“ ја објави „Патагонија“ од словачкиот писател Душан Митана
Продолжува соработката на ЕУРОИМАЖ со кино „Фросина“
Преку изложбата на ракописите Македонија и припаѓа на Европа
Мустаќите во нафталин
(ФОТО) Пронајден килибар со фосилизиран пајак како напаѓа оса
„Луј Витон“, „Зара“ и „ХиМ“ – глобално најдобри
Ненад Секирарски го отвора 6. Моден викенд Скопје 2012
Ана Цветковска Панова изложува во Велес
„Сребрен Џед“ за македонскиот филм „Човекот со чудна навика...“
Фустанот на Џуди Гарланд од „Волшебникот од Оз“ на аукција
Парамоунт ќе гради тематски парк од 2,5 милијарди евра
Националната предлог-стратегија за развој на културата на јавна расправа
На Тумбе-кафе нови пронајдоци на некропола од 4 век
(ФОТО) Мила Кунис се соблече топлес
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Благој Нацоски ќе пее на Сардинија во „Ромео и Јулија“
„Војна на ѕвездите“ наместо „Мона Лиза“ во Лувр
(ФОТО) По „Сити мол“, турканици и на „Бела ноќ“
„Век за самување“ најдобра поема за 2012 година
(ФОТО) Свеќи и ѕвездено небо за Тоше
(ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Светски ден на Бонд, Џејмс Бонд
Тетовскиот театар вечерва на МЕСС во Сараево
„Калчр девелопмент“ во живо на Канал 103
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |