13.10.2012, 20:54 Мареј против Ѓоковиќ за тронот во Шангај
Србинот во полуфиналето го совлада Бердих со 6:3, 6:4, а Британецот беше поуспешен од светскиот рекет број еден Федерер со 6:4, 6:4
Србинот Новак Ѓоковиќ и Бритнецот Енди Мареј ќе се сретнат во утрешното финале на мастерс турнирот во Шангај. Ѓоковиќ во меч за титулата се пласира откако во полуфиналето го елиминира Чехот Томас Бердих со 6:3, 6:4, а Мареј беше поуспешен од светскиот рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер со 6:4, 6:4.
Мареј во финалетоќе се обиде да ја освои третата последователна титула во Шангај, откако го подигна пехарот на овој турнир во 2010 и минатата година. Мечот за титулата во Шангај воедно ќе биде и реприза на финалето од последниот грен слем турнир сезонава Ју-ес Опен, каде што триумфираше Британецот.
|