11.10.2012, 12:42 Вардар казнет со два натпревара без публика на домашен терен
Ова е одлуката на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија поради инцидентите на мечот со Пелистер
Бранителот на шампионската титула во македонското фудбалско првенство Вардар, поради инцидентите на средбата со Пелистер, е казнет два натпревара да игра без присуство на публика на натпреварите кога ќе биде домаќин.
Ова е одлуката на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) која воедно парично ги кази двата клуба за инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи. Така Вардар, освен казната со „празен стадион“ ќе треба да плати и 2.500 евра, додека Пелистер парично е казнет со 1.500 евра. Натпреварот Вардар – Пелистер кој заврши со победа на скопскиот тим од 2:1 се одигра на 30 септември на „Филип Втори“ и беше во рамки на 8.коло од ПМФЛ.
Претходно „пелистерци“ исто како и Вардар заработија казна од две средби на свој терен без публика поради инцидент во кој настрада помошен судија удрен со предмет.
Инаку, овие две екипи ќе играат и во четвртфиналето на Купот на Македонија.
|