12.10.2012, 17:08 Со нож го прободела насилниот полубрат
Педесет и едногодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако бил прободен со нож од неговата полусестра. Тие подолго време биле во лоши односи, а вчерашниот инцидент бил кулминација на недоразбирањата.
Инцидентот, како што соопшти МВР, се случил во синоќа околу 23,30 часот на улицата „Јани Лукровски“ во скопската населба Гази Баба. Најпрво дошло до расправија меѓу С.М. (51) и 23-годишната Е.М., по што братот дошол кај сестра си дома.
„Насилно ја отворил вратата, ја нападнал 23-годишната девојка и нејзината мајка и со пиштол им се заканувал по животот“, велат од полицијата.
Но, Е.М. зела нож и во вратот го прободела брата си, кој е пренесен во Градската општа болница, каде што му се констатирани тешки повреди, па е задржан на лекување. Полицијата го расчистува случајот. (Г.А.) |