Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.10.2012, 18:03

„Оне“ со поголеми приходи

Засега нема официјални најави за продажба на „Оне“ и на неговиот сопственик „Телеком Словенија“

Продажбата на телекомуникацискиот оператор „Оне“ и неговиот сопственик, групацијата „Телеком Словенија“, се' уште е неизвесна. Според претседателот на Бордот на директори на групацијата, Рудолф Скобе, кој деновиве е во посета на Македонија, моментно се разгледуваат неколку сценарија, меѓу кои и опциите „Телеком Словенија“ и нејзините фирми-ќерки од регионот да се продаваат заедно или поединечно. Во меѓувреме, Скобе рече дека „Оне“ останува посветено да работи на македонскиот пазар во насока на подобри услуги и задоволство на корисниците и зголемување на финансиските приходи. Компанијата не планира отпуштања вработени, туку, како што најави извршниот директор Цирил Кафол, нови 30 вработувања со вклучување во проект на Агенцијата за вработување.

Телекомуникацискиот оператор во првата половина од годинава споредено со овој период лани оствари раст на приходите од три проценти, но и негатива во нето-добивката од 3,7 отсто.

Во првата половина од годината групацијата генерираше 391,1 милион евра приходи во работењето, со што бележи пад од три проценти во споредба со истиот период лани. ЕБИДТА достигна 132,2 милиона евра приходи од работењето. Заработката пред плаќање камати и даноци била за три проценти повисока, што значи 41,3 милиони евра, додека нето-профитот се покачил за пет проценти и достигнал 26,5 милиони евра. Финансискиот нето-долг е намален за 27 проценти во текот на последните 12 месеци и изнесува 325,8 милиони евра на крајот на правата половина од годината.

„’Телеком Словенија‘ финансиски стои многу добро и има средства да инвестира и во други перспективни проекти и во регионот. За Македонија имаме план приходите да растат“, рече Скобе, кој очекува „Оне“ да почне да генерира оперативна добивка веќе следната година. „Македонија, како и целата групација, се малку под реализација на приходите од лани, но и приходите од оваа година се во пораст, тие се здрави што може да се забележи од резултатите“, наведе Скобе. (С.Н.)


Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар



И лозарите и винарите задоволни од гроздоберот
Децата без родители ќе добијат станови од државата
Разузнавачи откриваат финансиски далавери
МЕПСО ќе гради далноводна мрежа од 120 километри

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоме��тирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |