Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
11.10.2012, 15:52
Адеми ги избра „коцкестите“, Македонија втора опција



„Во Хрватска пораснав, Хрватска ми даде се'“, порачува играчот на Динамо Загреб

Аријан Адеми го привлече вниманието на овдешната јавнноста со игрите во Динамо Загреб. Ова посебно важи за последните три меча во „модриот“ дрес што ги одигра на врвно ниво и сето тоа беше доволна препорака да се тргне по неговите услуги за настап во фудбалската репрезентација на Македонија. По неговата мајка може да добие македонско државјанство и кога се понадевавме дека конкуренцијата во нашиот национален тим ќе се зголеми во квалитативна смисла, од Хрватска стигна неповолна вест по нас во пресрет на вечерашниот дуел на „Филип Втори“ во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Запрашан дали е тешко да донесе одлука за која земја ќе настапува, Адеми порача:

„Мојата одлука не е едноставна. Ќе играм за Хрватска и тоа е јасно. А, доколку не добијам покана постои и друга можност, Македонија, сепак, втора опција. Во Хрватска пораснав, Хрватска ми даде се. Ете, сега знаете се, каква е мојата одлука“, стои во изјавата на Адеми за „Вечерњи лист“.

До пред неколку месеци Аријан Адеми не беше ниту во небо ниту на земја. Се наоѓаше меѓу Динамо Загреб и Локомотива, па затоа размислуваше за било какво друго позајмување со цел само да игра. Но, сега во Динамо, во последните три натпревари, игра одлично. Адеми за „Вечерњи лист“ ги објаснува и причините што доведоа со промена во неговите изданија.

„Тренерот ми даде задача што повеќе ми одговара. Ми даде слобода малку повеќе да се приклучувам во нападот. Секако дека мора да работам и дефанзивни задачи, но тоа е улога што ми одговара“, вели Адеми.

Адеми не е првиот фудбалер со македонски корени по кого челниците на ФФМ неуспешно се обиделе да го доведат во националниот состав. Игњатовски, Качаниклиќ, Шаќири...се дел од имињата што ФФМ посакуваше да ги види во дресот на Македонија. Да се надеваме дека Адеми ќе биде последна лекција за првите луѓе на македонската “куќа на фудбалот“, наместо да чекаат Македонија да биде втора опција на дел од нив, поубаво би било доколку им дадат шанса на младите фудбалски имиња кај нас што навистина заслужуваат да бидат дел од националниот состав. (С.Ѓ.Д.)





Статијата е прочитана 3349 пати.

Испрати коментар



(ВО ЖИВО) Македонија - Хрватска
Алонсо зашеметен од Ред бул
(ФОТО) Хрватски навивачи во Скопје
Антиќ и Мекејлеб почнаа со победа
Едуардо - Ова е наше најтешко гостување
Момент за вистината за фудбалерите
Коби најави пензионирање за две години!
Армстронг одново на столбот на срамот
Калтенборн прва жена шеф на Ф1-тим
МВР со посебни безбедносни мерки пред мечот со Хрватска
Шест гола на Лазаров против Сагунто
Вардар казнет со два натпревара без публика на домашен терен
Хрватските хулигани најавуваат доаѓање во Скопје!
Фудбалерите бараат максимална поддршка
Штимац - Во Скопје потешко од Белгија
Сточиков под истрага за напад врз новинар
Вардар про му се реваншира на Извиѓач
Убедлива победа на Барселона против Далас
Антиќ ограбен во Атина
Тони Надал - Федерер е подобар од Рафа!
Јаневски бара бодови, макар и со послаба игра
Болт ќе ги брани медалите во Рио
„Убиецот“ му се извини на Федерер
(ФОТО) Прв тренинг на македонската репрезентација пред натпреварот со Хрватска
Штимац - Свесни сме за незгодноста на Македонците
Хрватските хулигани нема да го видат Скопје
За Интер 220. миланско дерби
Илиевска со бронзен медал на Медитеранскиот шампионат
Пандев му донесе победа на Наполи
Меси 2, Роналдо 2
МЗТ Скопје поразен во Подгорица
(ФОТО) Вардар падна во Тетово
Илиевски и Цедевита паднаа во Сплит
Арената распродадена, Хрватска ја очекува пекол на „Филип Втори“
Осум гола на Лазаров во Целје
Триумф на Фетел во Сузука
(ФОТО) Металург го преслуша и Горење
Победи на Челзи и Манчестер Сити
Пол позиција за Фетел на Големата награда на Јапонија
Металург загреан за Горење
Пандев и Наполи надиграни во Ајндховен
Лазовски - Неуспехот во Венецуела беше пресуден за оставката
Ракометарките одиграа нерешено со Црна Гора
Кираџиев единствен македонски претставник на СП во полумаратон
Лазовски се повлекува од кошаркарската репрезентација
Нексе добра поука за Горење
Вардар казнет со 10.000 евра
Ставрев ќе го суди мечот Русија - Азербејџан
Балотели им ја скрати радоста на „милионерите“
Тодоров задоволен од победата, но не и од играта
Металург поразен од Нексе
Втора победа за МЗТ Скопје во АБА лигата
Финансиска полиција го „чешлаше“ Наполи
Светската лига во ватерполо без Македонија
Македонија падна седум места на ФИФА листата
Карабатиќ негира дека се обложил на мечот под истрага
„Металците“ не го потценуваат Широки
БАТЕ Борисов непријатно изненадување за Баерн

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Армстронг одново на столбот на срамот
Антидопинг агенцијата на САД тврди дека седумкратниот победник на Тур де Франс ги терал да се допингуваат и колегите од ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |