11.10.2012, 15:15 Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Во Шведска во септември годинава се најавени отпуштања од работа на 7.300 лица, покажуваат најновите податоци што ги обелодени шведскиот Завод за вработување, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Станува збор за драматичен пораст за околу 60 отсто во спредба со истиот период минатата година, кога имаше најави за отпуштања на 4.540 лица.
Инаку, од почетокот на годинава шведскиот пазар на труд помина релативно добро. Но, состојбите се влошија во текот на септември, со тоа што околу 400 претпријатија низ целата земја најавија укинување на работни места.
„Навлезени сме во ниска коњуктура, што и ќе се засили“, изјави Торд Странефорс, шеф за прогноза при шведскиот Завод за вдработување.
|