Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.10.2012, 12:03
Македонија доби и препорака и услов



Филе: Не правиме компромис со барањата за добрососедство и со прашањето за името, туку напротив ги засилуваме

Слободанка Јовановска

„Европската комисија по четврти пат препорачува отпочнување преговори за прием на бившата југословенска Република Македонија во Европската унија“.

Вака еврокомесарот Штефан Филе го најави денеска извештајот за прогресот на нашата држава годинава, користејќи го нашиот најсилен аргумент како свој - дека Македонија не може вечно да чека пред вратите на Унијата.

„Ние мораме да покажеме дека европската перспектива на земјата е реална. Силно веруваме дека придвижувањето на процесот во следната фаза ќе го одржи темпото на реформите , ќе го намали ризикот од враќање назад во некои процеси и ќе ги зајакне меѓунационалните односи. Суштински е добрососедските односи да се одржат и да се договори заедничко прифатливо решение за прашањето околу името под покровителство на ОН. Одлуката на Европскиот совет да отвори преговори за прием ќе помогне да се создадат услови за изнаоѓање решение. Европската комисија е подготвена да презентира преговарачка рамка која ќе ја земе во предвид потребата да се реши прашањето со името во раната фаза на процесот на пристапување“, изјави Филе пред Европскиот парламент.

И покрај ваквата позитивна вест, во државниот врв се демонстрираше стратегија на „мачка и глушец“, па за првпат не беше најавено кога и дали претседателот на државата и премиерот ќе го примат извештајот на Европската комисија од евроамбасадорот Аиво Орав. Причината беше што до објавувањето на извештајот не знаеја со сигурност дека внатре ќе биде содржан и зборот „македонски“, а некои од нив веќе најавија дека без тој збор нема да го примат. Известувачот Ричард Ховит сепак прв ја проби веста во ЕП, поздравувајќи го еврокомесарот што ја прифатил неговата препорака и во својот извештај споменува „македонски“. Подоцна на прес конференција тоа го потврди и Филе, и тоа дека го сторил двапати во извештајот, од кој пак се виде дека се однесува на „македонска влада“ и на „македонски институции“, но немало волја или прилика да се опише така нашиот јазик или мнозинскиот народ. Ваквата драма, сепак, немаше сила да ја фрли во втор план веста дека ЕК силно инсистира Македонија да добие преговори, но и втората - дека името и формално ни стана услов за прием, иако не се бара веќе како услов за почеток на преговори. Дека реално, наградата е стигната, но стигна и цената, и дека ЕК е подготвена да ги прифати барањата на нашиот државен врв да имаме паралелно и преговори за името и преговори за ЕУ, со рок до кога може да трае тоа. Иако оваа препорака треба да помине во декември на самит на ЕУ, создадена е атмосфера дека зад тој став стои цврсто Брисел, а нашата влада нема каде да бега.Во тој контекст Филе пред европарламентарците практично го поздрави и грчкиот меморандум.

„Тоа беше чекор, и тоа важен чекор.Се надевам дека реакцијата од Скопје ќе осигура дека меморандумот ги рефлектира интересите на двете страни и дека ќе има конструктивен ангажман на политичарите во двете земји кој ќе овозможи, со ова прашање и со други чекори што ќе следат, да се искористи предноста од она што го нуди Европската комисија. ЕК на никој начин не прави компромис со добрососедските односи и со прашањето за името.Напротив, верува дека ја јакне оваа точка велејќи дека решението на прашањето во раната фаза на процесот на пристапување ќе биде му погодува на тој процес.Во заклучоците и препораките нагласивме дека е време , откако го објавивме сега извештајот до декемврискиот самит,да продолжи политиката на дијалог и на разговори со цел предлогот на ЕК да биде конструктивен придонес за да се справиме конечно со ова прашање важно за да БЈРМ оди напред“, изјави Филе пред европарламентарците. Да биде поуверлив, Филе нагласи дека за ова прашање се консултирал и со Атина и дека притоа спорот за името го ставил во контекст на наредното претседатвање на Грција со ЕУ и потребата да даде свој придонес за евроинтеграцијата на Западниот Балкан.

Неофицијално, зад затворена врата, Филе рекол дека ако не се реши спорот во раната фаза на преговорите, тоа ќе има влијание на нашата евроинтеграција, без да каже какво. Притоа тој нагласил дека ЕК никогаш досега не рекла дека решавањето на ова прашање е услов за почеток на преговорите, но сега за првпат јасно го кажува тоа, и тоа практично од заклучоците од третата рунда дијалог на високо ниво со Македонија, зад кои застанал лично премиерот Никола Груевски, а тој став стоел и во заедничкиот текс во весникот „Дневник“, иако македонската јавност тогаш се замајуваше со други аспекти. Како што се дознава, Филе нагласил дека јазикот во извештајот годинава се разликува значајно од лани, кога реформскиот процес не одел во вистински правец и со вистинска брзина. Како постигнување на дијалогот тој го посочил и исчезнувањето на националистичката реторика во земјата и вртењето повторно кон европската агенда, аргументи што ги „продаваше“ пред се на европската публика, за да му успее препораката.Индиректно, како што се дознава, тој си признал дека реформите не се покажале како доволни и дека добрососедските односи се важен елемнт за да Македонија продолжи со евроинтеграцијата, што било причина јасно да го кажат тоа.На прес конференцијата пред новинарите еврокомесарот и ја засили реториката, изјавувајќи дека репшение за името „мора“ неизбежно да се најде.„Тукушто докажав дека можете нешто да направите, и тоа го правите четвртии пат“ - ни се обрати директно еврокомесарот со израз на голема самодоверба, практично сугерирајќи дека и решавањето на спорот не е невозможна опција, кога тој веќе успеа да ги убеди сите, а пред се Грција, да ја тргне блокадата на Македонија, иако одлуката треба да се официјализира сепак на Европскиот совет.Ако Македонија добие преговори во декември, практично ќе се најде со статусот на Турција, која вчера доби петнаесетти извештај за прогрес, има отворени 20 преговарачки поглавја а затворено само едно. Дали е тоа и наша иднина или не, ќе зависи од нас, при што Филе јасно кажа дека сега имаат на располагање и моѓ да ги забават па и да ги запрат преговорите со некоја од земјите, ако тоа што го барале и што било главен услов не се остварува. Истата порака се однесува и на Србија околу Косово , па Македонија во тој процес не е ексклузивна. На прашањето на новинар како мисли да ја убеди Атина да го смени ставот за блокирањето на Македонија, Филе главно го повтори претходниот став дека не прават компромис за да доведе до нерешавање на спорот, туку обратно, и дека тоа е расчистено во ЕУ. „Имаме добра причина да кажеме дека со наоѓање решение во раната фаза ќе се создаде попогодна клома да се справиме со ова прашање. Владата и премиерот (на Грција) гледаат добро на оваа вежба“, порача Филе кажувајќи и јавно дека премиерот Никола Груевски го прифатил тоа исто така преку заедничкиот текст во „Дневник“, кој како што рече „на вистински начин ја нагласил важноста на добрососедските односи“.Тука отиде и подалеку во оценките, па рече дека 11 години по Охридскиот договор се гледа дека има обновени тензии на меѓуетнички план а евроинтеграцијата е рамката која го држи заедно меѓуетничкото ткиво во Македонија.За да го објасни новиот пристап кон спорот, тој нагласи дека една од научените лекции во Брисел е дека овој процес не може да се постигне само со штиклирање на обврските, туку треба и вистинска трансформација.„Не можеме да го оставиме ова прашање за крајот на процесот“, нагласи тој, и овојпат опишувајќи го ток рок како рана фаза, без прецизно да се дефинира датум или период, или пак до кога се сметаат преговорите така. Според него, Брисел го почитува меморандумот на Атина, но добро е и Македонија да ги преточи своите идеи во него, за да се создаде погодна атмосфера за решавање. индиректно тој отвори на крајот уште една дилема - дали ЕУ ги презема преговорите од ОН- нафрлајќи дека ова што го предлага ЕК, и за што ќе излезе со дополнителна преговарачка рамка, „е компатибилно со процесот во ОН“.

Македонија вчера беше најсветлата точка на Филе и со неа почна прес соопштението на неговиот кабинет. За разлика од лани, годинава тој со многу насмевка и шарм, па и холивудски тон, ги редеше одлуките за нас и другите во регионот. Во кратки црти, освен Македонија чекор напред отиде само косово, кое доби најава за започнување преговори за Спогодба за асоцијација и стабилизација, а Албанија доби најава за можен кандидатски статус во иднина ако ги оствари преостанатите задали што се бараат од неа. Србија исто така доби најава за преговори за прием ако оствари “видливо и одрѓливо подобрување на односите со Косово претходно“, Црна гора веќе има преговори а БиХ остана земја „изгубен случај“ бидејќи оценката беше дека резултатите што ги постигнала се далеку под очекувањата на Брисел.

Статијата е прочитана 4211 пати.

Испрати коментар



Промовирана текстилна лабораторија на Технолошкиот факултет
Попоски од Оланд побарал поддршка за датум за преговори
Од четврток директни летови од Скопје за Дубаи
Производителите на јаболка задоволни од откупот и пласманот
Попоски на 14. Самит на Франкофонијата во Киншаса
Ристовски - ЕК констатира напредок во областите труд и социјала
Истрелани куршуми во штабот на Обама во Денвер
Во Скопје поставен споменик на Хасан Приштина
Одбраната на „Телеком“ ја спори надлежноста на американските судови
Бесими - Препораката на ЕУ за преговори е порака спорот да се реши
Со нож го прободела насилниот полубрат
Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
Осудениот за убиството во „Биг фиш“ наскоро на слобода?
СДСМ - Владата да признае дека економскиот дел од извештајот е негативен
Македонскиот одговор на грчкиот меморандум во декември
На Деве Баир запленет хероин вреден милион евра
Ставрески - СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
Црногорците во недела избираат нов Парламент
(ФОТО) Пожар во подземните гаражи кај Зелен пазар во Скопје
Германија притиска за враќање на визите за Македонија
Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Почнува кампањата за претседател на Словенија
Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
САД под закана од „кибернетски Перл Харбор“
ОМД - Советот на ЕУ да одреди датум за преговори
ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
„Кока-Кола Хеленик“ се сели во Швајцарија
Украина ќе престане да купува руски гас
Дебатата Бајден-Рајан со чести прекини и меѓусебни обвинувања
Стејт департментот бара придвижување на разговорите за името
Македонија им се поклони на хероите од НОБ
Нобел за литература за Мо Јан
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Скопјанец избоден поради паркинг
Атина во декември ќе ги отвори картите
Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Ставрески - Ќе донесеме свеж капитал и ќе им исплатиме на фирмите
Прилеп го одбележа 11 Октомври
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Врачена државната награда „11 Октомври“
Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Филе-Дачиќ - Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Путин се налути - не оди во Анкара
Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Европската комисија најави нова индустриска „револуција“
Кирил Спироски од Правен има најмногу гласови за нов лидер
Предлогот на ЕК шанса да се стави крај на грчката блокада
Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание
Врачување на државната награда „11 Октомври”
Македонија одбележува 71 година од антифашистичкото востание
Груевски - Датумот за преговори ќе отвори ново поглавје за Македонија
„Оне“ со поголеми приходи
Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици
Опозицијата го поздрави напредокот
Бугарските поплаки маргинализирани
Во сеопштата политизација МАНУ мора да ја одбрани науката
ЕК предлага паралелни преговори и за ЕУ и за името
Нова општинска зграда на Карпош на старото место
Ја ранил љубовницата, го убил соперникот
Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
Политичка тројка
(ФОТО) Паркот спроти „Бристол“ замина во историјата
Марихуана пронајдена во Градско
Исчезнатиот овчар пронајден жив
Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Реакциите ja вратија придавката „македонски“ во извештајот
Потврдени затворските казни за две од трите девојки од „Пуси рајот“
Ленин заминува и од центарот на Улан Батор
Ангела им пружи рака на Грците
Британски муслимани уапсени за тероризам на Хитроу
Католичката црква oд 2013 година ќе плаќа данок на имот во Италија
„Бестрашнот Феликс“ - Разочаран сум, но не отстапувам
Мадрид го блокираше референдумот за независност на Каталонија
Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис
Б92 - Има надеж за решавање на името
МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Протести против Златна Зора во Њујорк
Стејт департментот одбил две барања за засилување во Бенгази
(ФОТО) Меркел донесе поддршка, но не и подароци
(ФОТО) Сашо Станинов имаше сообраќајка во Скопје
Протестно писмо од Тачи до Самарас



Весна.С. од Прилеп, 10.10.2012 17:46:34
Со ова еу покажува недосвимелн притисок и решителност Македонија до 2013 год.-100 год од нејзината пделба Македонија и де факто да не постои како Македонија.Од една страна Иванов -веќе не можам да го сметам за сериозен политичар и Претседател на Македонија -се радува за враќање на зборот македонски во извештајот,а за тоа дека во РАНАТА ФАЗА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ТРЕБА ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО СО ШТО СЕ МЕНУВА И НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МЕНУВА ОКО НЕ МУ ТРЕПНУВА -ИСТО КАКО НА Б.Ц. -Т Р Г И Ч Н О.
Балканец, 10.10.2012 17:57:42
Ете тоа нема да помине во Европскиот Совет. Датум за преговори нема да има додека владата не го осмисли концептот на добрососедски односи. Овој циркус кој го глуми Владата на Македонија за да земе пари од фондовите на ЕУ веќе е очигледен за сите. Дури е очеваден!
Stojko, 10.10.2012 18:44:04
Ne mi se veruva deka nema komentari na ova vest. Ili ne gi objavuvate, sto ne bi bilo prv pat? Mene licno mnogo me interesira mislenje na vlasta iskazano preku razni likovi prisutni tuka,
pile, 10.10.2012 19:31:23
Vo eden od prethodnite komentari pobarav Vladata na Republika Makedonija da go objavi za sirokata javnost integralniot tekst na Haskata presuda od 05.12.2011 godina,koe nesto mozjese da go stori barem na provladinite mediumi gi ima vo izobilstvo.No se krie za da nekoj politicki profitira i uspesno manipulira so makedosnkite gragjani ako ne i profitira,nekakvi aktovki se spomenuvaa vo necii kolumni vo vrska so imeto.Vo taa nasoka Izvestajot za napredok na R.M.za 2012 godina e ucenuvacki pred se za Gruevski i Vladata, a za Makedonskite gragjani barem za 40% neopredelenite,ponizjuvacki i dokaz deka ovaa Vlada go dade maksimumot mnogu oddamna.A del od opozicijata neka pozdravuva isto kako i izborite vo 2011 godina.Cestitki za G-din Nano Ruzjin i LDP.GRUEVSKI dolzji odgovori na poveke prasanja od tekstot bez odlaganje za nekorektnite predlozi vo izvestajot a koi gi pozdravi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |