Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.10.2012, 14:49
Прилеп го одбележа 11 Октомври



Градоначалникот Марјан Ристески акцентирајќи го големото дело на борците од НОБ, упати порака да не се заборават овие светли датуми од македонската историја

Прилеп - Со импресивен огномет, импровизиран напад на Участакот, градот првоборец Прилеп, го одбележа и годинава традиционално големиот национален празник 11 Октомври и 71-та годишнина од почетокот на Народноослободителната борба. Делегации од Општината, Сојузот на борците, политичките партии и граѓани положија венци и свежи цвеќиња пред бистите во Алејата на народните херои, на Могилата на непобедените, спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу. Прилепските борци, членови на општинската организација потсетија на големото дело на народните херои и револуционери кои ги дадоа своите животи, кои се вградени во денешната слобода.

„Благодарение на антифашистичката борба, кога македонскиот народ се вклопи во таа права страна против фашистичката наезда, Македонија стана слободна, независна и демократска држава”, изјави Круме Соколоски, потпретседател на прилепската боречка организација.

Градоначалникот Марјан Ристески акцентирајќи го големото дело на борците од НОБ, упати порака да не се заборават овие светли датуми од македонската историја.

Во чест на празникот беше промовирана монографијата „Победничкиот истрел – 71 година од утрешнината“, чиј автор е новинарката Елизабета Митреска. На преку 100 страници, во поглавја со факти, оригинални документи и фотографии, но и со сведоштва и сеќавања, се опфатени настаните пред 11 октомври (од априлската окупација 1941), приликите во Прилеп, во Македонија, подготовките, акциите, протестите. Главно место има самиот напад на 11 Октомври, како се одвивал, учесниците, сведоштата, сеќавањата. Има место за одредот, борците, и за песната “А бре Македонче”, прво химна на Одредот, па најпозната во НОБ и до ден денес. Во посебно поглавје за Востанието се кажувањата на повеќе личности, почнувајќи од Кузман Јосифоски Питу, Ченто, Колишевски, Глигоров, па до денешните актуелни политичари Иванов, Вељаноски, Груевски, дадени во одделни пригоди. Има простор за улогата и на Методија Шаторов-Шарло како тогашен секретар на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија.

„Како новинар не ретко со годините правев анкети за значењето на празникот, или најчесто, како што велат прилепчани ’за пукањето‘. Можеби токму одговорите на тоа што знаат за 11 Октовмери, со дистанца, еве, од седум децении, ме поттикнаа да ја подготвам публикацијата. Овие страници ја понудуваат и - приказната за херојствата, за одрекувањата, за луѓето кои се дале себе си за највисокиот идеал- слободата, независноста, да решаваш сам за своето. По секоја цена. За себе, за децата, за внуците…“, истакнува Митреска. (М.Т.)





Статијата е прочитана 535 пати.

Испрати коментар



Со нож го прободела насилниот полубрат
Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
Осудениот за убиството во „Биг фиш“ наскоро на слобода?
СДСМ - Владата да признае дека економскиот дел од извештајот е негативен
Македонскиот одговор на грчкиот меморандум во декември
На Деве Баир запленет хероин вреден милион евра
Ставрески - СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
Црногорците во недела избираат нов Парламент
(ФОТО) Пожар во подземните гаражи кај Зелен пазар во Скопје
Германија притиска за враќање на визите за Македонија
Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Почнува кампањата за претседател на Словенија
Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
САД под закана од „кибернетски Перл Харбор“
ОМД - Советот на ЕУ да одреди датум за преговори
ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
„Кока-Кола Хеленик“ се сели во Швајцарија
Украина ќе престане да купува руски гас
Дебатата Бајден-Рајан со чести прекини и меѓусебни обвинувања
Стејт департментот бара придвижување на разговорите за името
Македонија им се поклони на хероите од НОБ
Нобел за литература за Мо Јан
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Скопјанец избоден поради паркинг
Атина во декември ќе ги отвори картите
Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Ставрески - Ќе донесеме свеж капитал и ќе им исплатиме на фирмите
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Врачена државната награда „11 Октомври“
Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Филе-Дачиќ - Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Путин се налути - не оди во Анкара
Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Европската комисија најави нова индустриска „револуција“
Кирил Спироски од Правен има најмногу гласови за нов лидер
Предлогот на ЕК шанса да се стави крај на грчката блокада
Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание
Врачување на државната награда „11 Октомври”
Македонија одбележува 71 година од антифашистичкото востание
Груевски - Датумот за преговори ќе отвори ново поглавје за Македонија
„Оне“ со поголеми приходи
Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици
Опозицијата го поздрави напредокот
Бугарските поплаки маргинализирани
Во сеопштата политизација МАНУ мора да ја одбрани науката
ЕК предлага паралелни преговори и за ЕУ и за името
Нова општинска зграда на Карпош на старото место
Ја ранил љубовницата, го убил соперникот
Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
Политичка тројка
(ФОТО) Паркот спроти „Бристол“ замина во историјата
Марихуана пронајдена во Градско
Исчезнатиот овчар пронајден жив
Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Реакциите ja вратија придавката „македонски“ во извештајот
Потврдени затворските казни за две од трите девојки од „Пуси рајот“
Ленин заминува �� од центарот на Улан Батор
Ангела им пружи рака на Грците
Британски муслимани уапсени за тероризам на Хитроу
Католичката црква oд 2013 година ќе плаќа данок на имот во Италија
„Бестрашнот Феликс“ - Разочаран сум, но не отстапувам
Македонија доби и препорака и услов
Мадрид го блокираше референдумот за независност на Каталонија
Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис
Б92 - Има надеж за решавање на името
МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Протести против Златна Зора во Њујорк
Стејт департментот одбил две барања за засилување во Бенгази
(ФОТО) Меркел донесе поддршка, но не и подароци
(ФОТО) Сашо Станинов имаше сообраќајка во Скопје
Протестно писмо од Тачи до Самарас

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Армстронг одново на столбот на срамот
Антидопинг агенцијата на САД тврди дека седумкратниот победник на Тур де Франс ги терал да се допингуваат и колегите од ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |