Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.10.2012, 17:45

Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици

Министерот за локална самоуправа ја укина одлуката на Инспекторатот за локална самоуправа за стопирање на преименувањето на улиците во Гостивар

Татjана Поповска

Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, и' овозможува на Општина Гостивар повторно да ја разгледа одлуката за преименување на повеќе улици со имињата на балистот Џемо Хаса, Адем Јашари, припадници на ОНА што загинале во конфликтот, 116. бригада (воена формација која во 2001 дејствувала во Гостиварско), УЧК, Хасан Приштина... Бејта соопшти вчера дека, по барање на Општината, ја поништил одлуката на директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, да се стопира преименувањето на улиците, бидејќи постапката не била законски спроведена.

„Листата на имиња што сака да ја спроведе Општината е усвоена уште во 2007 година. Тоа се угледни личности кои дале придонес за Гостивар и за Албанците. Со овие прашања не треба да се прави политика. Тие се реалност во ова општество и таквите промени се во интерес на сите граѓани“, изјави Бејта.

Тој побара од Општина Гостивар при повторената постапка да внимава на законската процедура и на Бадентеровиот принцип за гласање кој во оваа Општина, како доминантно албанска, важи за македонските советници. Македонскиот политички блок во септември, кога се разгледуваше ова прашање во Советот на Гостивар, се спротивстави на оваа идеја.

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Шехтански, тврди дека одлуката на Општина Гостивар е незаконска по четири основи. Тој најави дека ќе ја следи новата постапка и ќе реагира доколку не биде почитувана законската регулатива.

„За истата одлука на Општина Гостивар поведов иницијатива и пред Уставниот суд“, информира Шехтански.

Министерот Бејта нема дилеми дека листата на новите имиња за гостиварските улици ќе добие позитивно мислење од Владата.

„Ќе сторам се' Владата да ги одобри новите имиња. Ако треба, директно ќе се конфронтирам со Владата“, рече Бејта.


Статијата е прочитана 2077 пати.

Испрати коментар






Mark, 10.10.2012 23:12:28
Hi hi hi, Sehtanski ke *reagiral*?! A namesto toa da pojde do ulica Makedonija i si se napie kapucino duri e ubavo vremevo? Oti i negovata *reakcija* ke pomine kako i onaa na Kralev za iminjata na ucilistata ili taa za spomenikot na Hasan Pristina ili na Gjorge za Slupcane ili...Izjavite na *nadleznive* veke bi trebalo da gi objavuvate vo zabavnata rubrika i toa ako momentalno nema nisto pointeresno..
zagrizen, 11.10.2012 00:55:11
FELIKS, Oliver,i slicnite, dali e ova federalizacija na Makedonija ili? So drugi zborovi ke ja ima Makedonija ili ke se iscrtuvaat nekoi novi linii? Da povtoram,jas ne sum za BC,NAPROTIV!Ta nego go trgnavme zosto ne go bivase.No ne sum ni za tie koj ja brisat Makedonija od mapite i istorijata.Nemojte Ve molam samo da pisete vo stilot t*zi dupka ne e dupka (govoram na Makedonski, a za takvite kako Vas ne sum bas siguren). Inaku so sekoj odminat den mi stanuva se pojasno da ja nemase SFRJ,Tito i komunjarite(vo Vas stil kazano),so patriotite od Vas kalibar Makedonija oddavno ke ja nemase.Ne mi e jasno samo dali seto ova se pravi *vo sprega* vo dogovor i e so plan.Mnogu raboti se slucija koi se nezakonski, a se mnogu opasni no nikomu nisto.Vlasta e indiferentna.Kucinjata laat (so vreme i ke prestanat), a karavanot si vrvi.Dali e celta da se drzi narodot vo strav so megjuetnickite *naelektrizirani* odnosi kako bi se drzela vlasta? I dali e Djemo pandan,odgovor na Todor? Ludilovo ima kraj?
Bosko, 11.10.2012 02:04:49
Znachi pochna federalizacijata na Makedonija i javno da se implementira. Rabotata e ,,koga se mazeshe shto ti se chineshe toa e za patriotite od DPMNE.SDSM prodavashe imoti a DPMNE drzavata. Vlezot vo EU e neophoden makar i so pridavka na imeto inaku ke nemame nikakva Makedonija eden den Albancite ke ja objavat federalizacijata na koja Grujo ke mora da se pokori pred Alija i drugite .
ФЕЛИКС, 11.10.2012 07:46:17
Џемо Хаса е едно чудо од угледност во западниот дел на РМ.Фашистички и разбојнички егземплар кој без Бадинтер сакаат Албанците да го устоличат како носител на улица.Не е чудо и да неговото име биде и на училиште,оти дотичниот ширел просветување како да се биде разбојник.Институциите на системот мораат да реагираат а и менторите на Охридскиот договор ист така да реагираат.Па да им објаснат повторно на албанските партии што е Бадинтер и како се применува.Оти во спротивно не реагирањето на институциите на државата ќе дозволат во пракса она што и се заговара- власт на еднонационалното гумно.А менторите ако не реагираат тогаш се во колаборација и го обезвреднуваат антифашизмот.
mile, 11.10.2012 08:10:44
Нормално !!? Од другава страна им се компањоните Михајлов и Александров........... зарем има нешто чудно во тоа?????? Очигледно е дека губитниците од Втора светска војна се на власт............Наздравје на Македонија, наздравје за борците од НОБ.............
saso, 11.10.2012 10:09:13
Pa togash vo centarot na gostivar da se stavi ulica ,,SLOBODAN MILOSEVIC ``
do site dobronamernici, 11.10.2012 11:37:23
Ovie dvaicata, so nepotrebnata soglasnost od od Vladata na Republika Makedonija, vo nikoj slucaj, da ne go zaboravat i Enver Hodza, za da bidat pravedni kon istorijata. nnesto kako kaj nas, Todor Aleksandrov i Vanco Mihalov koi ne bea propusteni !Obavezno da im se napravi imuzej, ama so vosocni figuri i na ZRTVITE, za sto tie pridonesoa vo zapadniot del na Makedonija!!
Oslo, 11.10.2012 14:14:39
Odavno dadov komentar pak keponovam skopje vipostana istocen bejrut i zapaden bejrut
Баба Евда, 11.10.2012 19:11:26
Шате бабино , ја збуни баба!Да реагираат институциите на системот и менторите на Охридскиот договор?!!!Ја�� пак мислев дека имаме влада , која ја води премиер (рака на срце , тој не сакал да биде премиер по секоја цена)!Премиер , претседател , министри итн. , не се институции , дунек на баба? Шате мое , ти си навикнато на ментори , тие и коментарите ти ги даваат готови.Шатче на баба , време е да пораснеш:

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |