13.10.2012, 12:54 Вебер ја освои пол позицијата во Кореја
Ова за него е десетта пол позиција во кариерата, а имаше подобро време од својот клупски колега Себастијан Фетел, кој ќе го комплетира првиот стартен ред
Возачот на Ред Бул Марк Вебер ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата Награда на Кореја.
Ова за него е десетта пол позиција во кариерата, а имаше подобро време од својот клупски колега Себастијан Фетел, кој ќе го комплетира првиот стартен ред.
Зад нив ќе бидат Луис Хамилтон од Мекларен и водечкиот од генералниот пласман Фернандо Алонсо од Ферари. 16.та трка од годинашниов шампионат се вози утре наутро во 8 часот по македонско време.
|