09.10.2012, 12:21 Ана Цветковска Панова изложува во Велес
Самостојната изложба „Средба со несвесното“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Народниот музеј на град Велес
Во Народниот музеј на град Велес вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Средба со несвесното“ на Ана Цветковска Панова, академска графичарка од Скопје која ќе се претстави со 40 графички дела, дигитални принтови.
Авторката дипломирала во 1991 година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, насока графички дизајн, во класата на Зоран Јакимовски, кај кого ги завршува и постдипломските студии. Добитничка е на многу награди и признанија од областа на едукацијата. (К.Р.)
|