09.10.2012, 17:57 Поглед
Опозицијата го призна плоштадот
Александра М. Митевска
СДСМ го избра плоштадот „Македонија“ во Скопје како локација на која ќе ги промовира своите кандидати за градоначалници и каде што ќе протестира против Владата - на финишот од кампањата „работно лето“.
Во едни други времиња, овој плоштад беше вообичаена рута за партиските карвани - место на кое се одбележуваат успесите на државата на спортски или на меѓународен план, на кое завршуваат предизборните кампањи и се слават изборните победи... Но, во последните неколку години оваа локација доби друга архитектонска димензија, а со тоа и поинаква политичка тежина.
Срцето на главниот град до скоро беше место што опозицијата, главно, го избегнува: Не толку поради тоа што социјалдемократите од поодамна не славеле изборен триумф, туку, најмногу, поради спомениците и објектите што во последните години го запоседнаа широкото пространство, а со чие поставување опозицијата не се согласува.
На пример, се' уште се свежи сеќавањата на опозициското отсуство на централната прослава по повод 20-годишнината од независноста, поради тоа што манифестацијата се одвиваше во подножјето на споменикот на Александар, чие поставување беше доживеано како кулминација на политиката на антиквизација. Од тој аспект, одлуката на опозицијата, на 28 октомври, да митингува токму на просторот преку кој се прекрши инвазијата од споменици не може а да не се доживее како испраќање политичка порака до противниците, но и до гласачите.
Контроверзниот проект „Скопје 2014“, дефинитивно, ќе биде една од темите околу кои најмногу ќе се кршат копјата на изборите во 2013, кои, сега за сега, се планирани само како локални, иако никој не ја исклучува можноста тогаш да се одржат и вонредни парламентарни избори. Опозиционерите од подамна критикуваат дека дел од спомениците и објектите директно влијаат на нарушената меѓународна позиција на државата, дека повеќето од нив се далеку од естетика и од историска оправданост и дека е нелогично нивното поставување во време на голема економска криза. Овој пат, веројатно, ќе имаат можност да го кажат истото - на самото место. |
|
Статијата е прочитана 2120 пати.
|
Испрати коментар
|
|
USA, 10.10.2012 02:19:27 | Клучот во преродбата на опозицијата е само и само со имање македонски предзнак, никако француски. |
| mitre, 10.10.2012 07:31:24 | Да, на плоштадот, ама со булдожери и багери.................. |
| ФЕЛИКС, 10.10.2012 08:11:18 | Богами добро запазување на нештата т.е митингашките кулиси од страна авторот.Ќе се митингува со длабоко есенски финиш на ,,работното лето,,покрај она што ги згрозува како проект.Да можат спомениците да прозборат на митингот кој знае што се би им изнакажале на митингашите.Вероватно би ја изразиле навреденоста поради ,,францускиот клуч,,,А највероватно би ги советувале да ја баталат митингашката работа,оти ем нема ефект,ем се знае исходот изборен како завршница на митингувањето. |
| S.P., 10.10.2012 09:52:09 | Ne mi e jasno sto sakate da kazete? I cumu ste napisale nesto vo vesnikov? Za da popolnite prostor? Koj plostad Makedonija kade se naoga? Toj veke ne postoi, Vie zarem toa ne go znaete? So proektot 2014 plostadot Makedonija veke ne postoi..........................
A opozicijata ne moze da izmisli novo mesto pa mora da izleguva na ona malku prostor sto ostana. |
| milan, 10.10.2012 10:53:04 | Za mitingot neznam dali i okolnite ulici ke bidat dovolni.Spored toa opozicijata neka postavi bimovi malku i podaleku od upropasteniot plostad.Felikse koga bi oziveale licnostite od spomenicite,ne bi se lutele na Frcko za klucot nego bi krenale prema Ilindenska da ve prasat zosto go unistivte plostadot so toj neviden kic. POZDRAV. |
| zagrizen, 10.10.2012 11:16:32 | Ne mozam da ja razberam statijava, a uste pomalku Felco,vnuckoto na Baba Evda. Ta spomenicite mnogu govorat, posebno onie na Todor,na Hasan,na Skenderbeg....... a od nivniot govor strav da te fati. |
| Крт, 10.10.2012 11:52:26 | До ФЕЛИКС- Феликсе, Феликсе...да можат спомениците да говорот најпрво би се расплакале. Од чемер и јад! Народот да гладува, мизерува и да тоне во бескрајна сиромаштија, а тие ,(споменицити) онака натопорени, предизвикувачки и надмени да се шепурат како да се членови на Д(р)ПМНЕ. А за изборите има време, крајот некому ќе дојде ,,непланирано,, а тогаш...?.И едно прашање Феликсе , дали твоето ,,митарење,, ќе биде во Март, или.... |
| Bulduzer, 10.10.2012 12:11:21 | Mozebi nekoj bulduzer navistina ke zavrshi rabota, kako onoj vo Belgrad. Idejata na Frle so francuski kljuchevi e machna rabota, bidejci ima premnogu spomenici. |
| Форми без суштина, 10.10.2012 12:24:25 | Уште едно празно сценарио на Бранко. Не е важно кога и каде, важно е што имаш да кажеш. А Бранко повеќе нема што да каже. |
| revoltirana, 10.10.2012 12:39:36 | Plostadot e na site .Toa sto sega e vaka zagusliv e delo na vladata .N e moze da s e odrzuva vo vozduh mitingot.Sekade edinstveno mesto za da s e iskaze revolt se plostadite.Ovde kaj nas slusam ringispil ke montirale za 160 000 evra ..znaci cirkusot prodolzuva .. |
| Трпе, 10.10.2012 13:16:27 | Со проектот Скопје 1014 година ,плоштадот не веке плоштад.Тоа е некој кич музеј.Неможе да се каже и дека е музеј ,повеке наликува на забавен парк изграден од децата за лекување на комплекси.Голем број од совесните грагани кога минуват низ него добиват аритмија.Брзобиењето на срцето им се јавува од штетата што им ја имат направено преку овој проект.Народот го нема најосновното за парче леб и уништеното здравство.Се фалат дека купиле современи дијагностички апарати.делумно е добро.Но џабе да ти се открие диагнозата кога требат гоеми пари за лекување.Владата наместо недомакински да се расфрла требаше да отвара работни повеке работни места че имаше и за здравството и за пензи на пензионерите.Не е вработување во администрација за фалба.Тоа е само префрлање пари од еден џеб во друг а дел и во вреќи.Но народот е тој кој некому треба да пресуди за зулумот направен врз него. |
| robert, 10.10.2012 13:33:19 | do covekot bez sustina.branko sepak ima seuste sto da kaze i da odgovori pa duri i da prevzeme.no narodot ke vi kaze na takvite zadoeni i podmackani od segasnata luda vlast uste poveke.kako moze da postojat luge koi sto voopsto se zadovolni od situacijava.osven onie kako felco koi se ocigledno plateni od ludata vlast.ni trebat promeni dvizene napred.zaglavivme dlaboko vo bezizleznost.dosta e. |
| Nashe Skopje, 10.10.2012 14:57:11 | Da,vo edno drugo vreme ploshtadot bese mesto koe skopjanite go obozavaa i neguvaa, zaedno so onie prekrasni drvja okulu koi otidoa jabana, poslednive godini i toj zaedno so nim.Skopjani go imaa i kako*modna pista*sekojden,a na agolot pred knizarnicata Kultura, skopskite decki bistrea politika, fudbol, no najmnogu gi gledaa skopskite ubavici.Ploshtadot bese viden i mesto za da bides viden i go prestvis svoeto devojce /momce ;da go kazes svojot IZBOR.Taka i ovoj pat, skopjani ke izlezat vo podrshka na SDSM na takanareceniot plostad koj iako veke ne e niti
* megdan na sred selo*, da dadat podrshka za neophodnata PROMENA,na *ploshtadot*koj sekogas beshe nas, pa duri i vo remeto na Blgareto i Srbite kako sto ke bide pak NASH, co francuski kluc ili so goli race!A za *formite bez sushtina* i toj kako negov Feliks, ne e na nivoto na Branko, za da razbere deka Branko mnogu sto kazuva i pravi za nas Makedoncite,pa go razbrale ili ne,nekoi prinovi skopjani ili
Makedonci so *blgarski pasaport |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 7°C
Облачно
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|