Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
09.10.2012, 18:20

Мое ќоше

Тура во иднината

Ерол Ризаов

Изберете на која екскурзија во иднината ќе заминете - во Жабени или во Карпош

Не ми излегува од глава досетливоста на битолскиот градоначалник Владимир Талевски кој прв во Македонија се сети да организира бесплатно екскурзии во иднината. И гледај чудо, иднината на битолчани им била сосема близу на еден чекор до нив, на една полјана во селото Жабени. Се качувате на автобус и додека да трепнете со очи, стасувате во вашата иднина. Тоа што не му успеа на највидовитиот од овие краишта, оџата од Битола - Десоецот, му тргна од рака на еден световен градоначалник. На една селска утрина кај Жабени се градат две фабрики на познати компании. Во нив неколку стотици битолчани ќе заработуваат за живот. Таму е нивната светла иднина, излезот од сиромаштија.

Ја прифаќам оваа убава идеја на битолскиот градоначалник и еве предлагам и неговите колеги да организираат бесплатни тури во иднината. А каде би била првата станица. Мислам дека моментно нема посоодветно место за футуристички излет од новиот „Сити мол“, изграден во Скопје. Веднаш да ви кажам, бев таму на отворањето и ги видов новите првоборци како пак први стасаа во иднината. Додека се редеа говорниците на бината, ги имаше пет- шестмина само од врвот на актуелната политика, тргнав спокојно да ги разгледувам содржините на новиот центар. Се уморив од одење низ тоа прекрасно мермерно здание, помалку разочаран што не е ниту во барок ниту во рококо-стил, туку со нормална прагматична архитектура што ги одликува сите такви убави центри со извонредни содржини каде што можете да поминете еден убав ден неделно или месечно во зависност од џебот во друштво со вашите најблиски. Ќе ви ја оддадам тајната за блескавиот старт на новиот трговски центар, или како што го крстија „Сити мол“. Некако ми е туѓо името, ќе мора да му дадеме скопски прекар. Прво, самиот комплекс над земја и под земја урбанистички и архитектонски гледано е еден прекрасен објект кој идеално се вклопува во амбиентот на еден од најурбаните скопски квартови - Карпош. Второ, внатрешните содржини се мамката која не' влечеше да одиме во Солун, Белград, Милано, Париз, Лондон. Големите брендови стасаа во Скопје, крпчињата, чевлите, храната, забавата, со нивниот печат, конечно, се тука, за истите пари можеме да си ги дозволиме и овде кај нас, заштедувајќи скапи патувања, хотели кои секогаш повеќе чинат отколку она што сме го купиле во елитните светски продавници. Осветлувањето и аранжирањето на продавниците и излозите, широките холови и високите тавани, имињата на звучните брендови ве прават да се чувствувате поубаво без оглед дали сте по модата или не. Ако уште можете да си дозволите да ручате во еден од прекрасните ресторани или да се напиете добро кафе во кафулињата, па да појдете во едно од трите кина каде што стасаа и новите филмски технологии 3-Д, каде што со чудесните наочари имате чувство дека и вие сте внатре во филмот, тогаш ја имате доживеано вистинската екскурзија во иднината.

И сега, на крајот, еве ја мојата јанsa која ја имаат и инвеститорите кои вложија во овој проект над 100 милиони евра. По две години, во првите денови од стартот на новиот „Сити мол“, инвеститорите почнале да спијат понормално. Ја пребродиле тешката несоница, иако и сега одвреме-навреме имаат ноќни кошмари. Уште ги измачува дали добро го пресметале ризикот што не зависи од нивната работа и од нив. А тоа е иднината на Македонија. Ми кажаа од прва рака дека не се одлучија да фрлаат големи пари за да ги уништуваат другите трговски центри или да форсираат профити со нелојална конкуренција. Напротив, нивната мисија е на истиот пат со Македонија. А, тоа е европеизација на Македонија и на регионот преку потрошувачкото општество и преку еден нов вид потрошувачка култура која опфаќа повисоки стандарди и квалитет не само во облекувањето, храната, масовната култура, книгата, играчките за деца, туку, воопшто, во стилот на живеење. Не станува збор само за помодарство и за трендовски потрошувачки и скороевски менталитет. Туку се работи, велат, за првите доходовни и задолжителни инсталации на европскиот пат на Македонија. Овие луѓе од трговијата, заедно со хотелиерите стасуваат први. Тие го чувствуваат мирисот на парите оддалеку. По нив доаѓаат банкарите и градежниците, па потоа стасуваат сите други, топтан, заедно со тешкашите. Кога големите брендови и светски мастадонти доаѓаат, иднината станува поизвесна и повидлива. Први доаѓаат, ама бидете внимателни и први и си одат. Тие секогаш се само кираџии. Ако тие ја збришат, останува само мостот, ама и тој без реката народ преку него не е веќе тоа за што е изграден. Вие изберете на која екскурзија во иднината ќе заминете. Во Жабени или во Карпош. Па раскажете ни што видовте.


Статијата е прочитана 2347 пати.

Испрати коментар



Ќе се симне ли таjната од државниот долг?
Што би ги советувал Кругман Македонците
Круна на слободарскиот порив
Американците од Марс, Европејците од Венера
И велосипедистите се дел од сообраќајот1
Опозицијата го призна плоштадот



Senvic so jogurt vo Zabeni, 10.10.2012 00:21:26
Toa sto Talevski go pravi onaj teatar so ekskurzii vo Zabeni e sosema razbirlivo. Covekot dolgo vreme rabotel vo teatar pa sega i od politikata i ekonomijata saka da napravi teatar , ama za zal tragikomicen. Ne znam dali na posetitelite na golemiot investiciski bum na Talevski im davat, pokraj besplatno vozenje , barem i po eden senvic i jogurt , za da ne im krkorat crevata?Vprocem vo vreme na jogurt revolucijata Slobo im davase na spontano sobraniot narodza promeni senvic i jogurt, za da mozea posilno da vikaat.
jovan, 10.10.2012 01:02:40
Bidejki tekstov e najmnogu vrzan za noviot trgovski vo Skopje koj uste na startot se procu po toaletnata hartija, ke kazam deka tokmu toj trgovski e slika i prilika za nasevo celokupno opstestvo t.e naivniov narod podoben za manipuliranje. Pocnuvajki od cenite koj ke ja *isplasele konkurencijata*, 2000 rabotni mesta, centar na Balkanot, site mediumi se natprevaruvaat koj poveke ke ja pofali novata prodavnica(barem da bese fabrika), narod paga vo trans od voodusevenost.... i se toa e dobro. No nikoj ne se prisetuva kako bese na primer za Ramstore. Istata prikaska, za *eftini prodavnici*, a ispadnaa najskapi vo gradov, isto bese i za onoj Brikolazz, se ispotepaa prvite 10 dena, sega parkingot e prazen. Isto ke bide i so ova, zatoa nema potreba uste da se zamarame so toj trgovski i *eftinite* prodavnici na koj narodov naivno im se raduva. Ke im pomine.
Itar Pejo, 10.10.2012 08:29:32
Erole, Erole, vakvi trgovski centri ima nasekade po svetot. I vo najsiromasnite zemji. Toa ne e nikakov znak deka zemjata napreduva. A stom kupovnata moc na naselenieto ne raste, otvaranjeto na vakov trgovski znaci propast na mnogu drugi, pomali. Toa sto novi svetski marki dosle vo Skopje ne znaci deka skopjani nema vece da odat po pokupki vo stranstvo. Toj sto odese po Zara vo svetot, ne odese zatoa sto mu e neophodna Zara tuku zatoa sto nemase Zara vo Skopje. Sega ce odi po druga marka koja sto ja nema vo Skopje.
Saso, 10.10.2012 11:34:09
Bitolcanecot so izletot vo Zabeni e prikaska za sebe i vo trend so stupidnite marketingski kampanji na prerodbenicite , a sto se odnesuva do brendovite vo Sity mol se cudam ...pa ako nekoj prosetal i bil po ovie ekskluzivni prodavnici niz Evropa ne mozel a da ne zabelezi deka recisi site proizvodi tamu imaat poniski ceni od ovie vo Skopje.
Крт, 10.10.2012 11:57:44
Ероле, за какви тури во ИДНИНАТА зборуваш кога овие властодршци ни ја уништија СЕГАШНОСТА.А Скопје сити мол за повеќето од нас ќе се вика ,,ПОЛНИ ОЧИ-ПРАЗЕН ЏЕП,,!
Зошто не можете да се радувате кога нешто убаво се гради?!, 10.10.2012 12:32:22
Сите вие заслепени по Бранко секогаш тагувате за секој напедок на Македонија. Ќе се разболите затоа што некој инвестирал во Македонија. Сигурно е многу тешко да е човек во ваша кожа.
Turistichki vodich, 10.10.2012 12:34:12
Grujo ke gi vodi vo Drisla. Sendvich ne treba, ke se najde tamu.
Кој не се радува., 10.10.2012 12:55:39
Eден загрижен читател прашува зошто не се радувате кога ке се изгради нешто убаво, алудирајќи веројатно на текстот. Не знам каде овој читател виде дека авторот не се радува на изградбата на Сити Мол во Карпош. Или така му чини. Јас видов обратно дека авторот многу пофално зборува за новиот објект, европскиот мирис и перспективи. Изгледа партиските војници на ВМРО се што ке напише Ерол го сметаат за непријателски акт. Во стравот големи се очите.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Облачно

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 14°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |