Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
09.10.2012, 14:47

Ненад Секирарски го отвора 6. Моден викенд Скопје 2012



Тројца креатори ќе ги претстават своите колекции пролет/лето 2013, со што полека се фаќа светскиот тренд за една сезона понапред со претставување на колекциите

ФОТО: Киро Попов

Колекцијата пролет-лето 2013 на Ненад Секирарски ја доживеа својата промоција на Модната недела во Париз и стигна назад во Македонија, точно навреме за да го отвори шестото издание на Модниот викенд Скопје 2012. В недела, на 14 октомври, со шоурумот на креаторот Ненад Секирарски во хотелот „Арка“, започнува првиот дел од шестата сезона на овој моден настан, кој ќе трае од 14 до 18 октомври.

Првпат Модниот викенд Скопје, кој веќе се етаблира како своевиден репер за модното живеење во Македонија, ќе го испроба концептот на манифестација во два дела. Вториот дел ќе се одржува од 24 до 28 октомври 2012 година.

Деновите од 14 до 18 октомври ќе бидат резервирани за бизнис-програмата, чиј фокус ќе биде претставувањето иновативни техники и инструменти за промоција на модните брендови во Македонија и во странство. На 16 октомври ќе се случува проектот „Мода преку филм“, поддржан од амбасадата на Германија во Скопје, а инициран од Моден викенд Скопје и Фиер менаџмент, двете компании што го реализираат Фестивалот на модни филмови во Берлин.

На 17 октомври, во „Соравија центар“ во Скопје ќе биде организиран бизнис-форум на темата „Моден бизнис, маркетинг и купување - развивање и стратегија“. За време на бизнис-презентациите ќе бидат изложени модните остварувања на студентите од Европскиот универзитет.

Вториот дел од 6. Моден викенд Скопје го „отвора“ модната новинарка Снежана Јаначковска-Богдановска, која на 24 октомври ќе има своја презентација на тема „Бизнис-стил“. На 25 октомври, Никола Ефтимов и Александра Јовановска ќе ја презентираат својата нова колекција, а во деновите до 28 октомври ќе се случуваат модните претставувања на колекциите на другите македонски креатори во салонот на „Ауди - Порше Македонија“. (Ј.П.)


Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар



„Блесок“ ја објави „Патагонија“ од словачкиот писател Душан Митана
Продолжува соработката на ЕУРОИМАЖ со кино „Фросина“
Преку изложбата на ракописите Македонија и припаѓа на Европа
Мустаќите во нафталин
(ФОТО) Пронајден килибар со фосилизиран пајак ��ако напаѓа оса
Да наздравиме со чаша вино
„Луј Витон“, „Зара“ и „ХиМ“ – глобално најдобри
Ана Цветковска Панова изложува во Велес
„Сребрен Џед“ за македонскиот филм „Човекот со чудна навика...“
Фустанот на Џуди Гарланд од „Волшебникот од Оз“ на аукција
Парамоунт ќе гради тематски парк од 2,5 милијарди евра
Националната предлог-стратегија за развој на културата на јавна расправа
На Тумбе-кафе нови пронајдоци на некропола од 4 век
(ФОТО) Мила Кунис се соблече топлес
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Благој Нацоски ќе пее на Сардинија во „Ромео и Јулија“
„Војна на ѕвездите“ наместо „Мона Лиза“ во Лувр
(ФОТО) По „Сити мол“, турканици и на „Бела ноќ“
„Век за самување“ најдобра поема за 2012 година
(ФОТО) Свеќи и ѕвездено небо за Тоше
(ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Светски ден на Бонд, Џејмс Бонд
Тетовскиот театар вечерва на МЕСС во Сараево
„Калчр девелопмент“ во живо на Канал 103
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Четврток
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (22)
Вознемиреноста на Стане Доланц.  Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Многу полесно е ��а си играч отколку тренер
Индира Кастратовиќ зборува за новиот предизвик како тренер на Вардар СЦБТ, за споредбите со Кометал Ѓорче Петров...

Дневник  | Вест | ��еа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |