Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.10.2012, 13:35

Можеме ли да ја повратиме дивината?

Амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката дека кога еднаш ќе биде унишетна, природата е засекогаш изгубена

Уште кога Алдо Леополд преупреди дека светот неповратно исчезнува поради човековиот апетит, конзервационистите повикаа на итно „делување веднаш, пред да биде доцна“. Но што ако крајот на природата не е еднаш за секогаш кажан заклучок? Замислете да можеме да ги повратиме изгубените реки, пасиштата, дури и прашумите...

До пред само неколку години, ова беше само посакувана мисла. Но науката за реставрација на екологијата брзо оди напред. Низ целиот свет, од Аралското Море до дините на Сахел, амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката дека кога еднаш ќе биде унишетна, природата е засекогаш изгубена.

Тие се засилени од растечкото остварување на вредностите на „услугите на екосистемот“ - корисни и некорисни добра создадени од природата, кои додаваат на 72 трилиони долари од користа кон светската економија секоја година. Тоа е заклучокот на економистот Паван Сукдев, кој предводи серија значајни истражувања за ОН за „економиите на екосистемте и биодиверзитетот“, или накратко ТЕЕБ.

Анализите на Сукдев упатуваат дека повратокот на екосистемите може да донесе корист во однос 75 спрема 1. Факторот на нивните „невидливи компоненти, како што се придонесот кон човековото здравје и добро чувство, и користа од реставрациите, може дури и да го зголемат овој однос“, вели тој.

Како што вели Дакс Лоувгроув, шеф за бизнис и индустриски односи во Светскиот фонд за дивината (ВВФ-Велика Британија), „се руди бавна зора во признавањето дека заштитата на природниот капитал служи за идно подобрување во економијата“.

Ако сакате да знаете како тоа изгледа во пракса, одете во централна Азија. Со децении, Аралското Море го носеше сомнителниот прекар дека е меѓу најдеградираните водени површини на планетата. Годините на агресивна земјоделска експанзија за да се подигне извозот на памук во Советскиот Сојуз, го намали нивото на она што некогаш беше четврто во светот по големина езеро со слатка вода, и го претвори во бескорисна пустина. Сликите од рибарски бротчиња насукани во песокот, и луки оддалечени со километри од досегот на водата, станаа клише за деструкцијата на природната средина.

Сепак, во текот на минатата деценија, плимата се врати. Со иницијативата покрената во 2001 од владата на Казахстан и од Светската банка, се ревитализира северен Арал. Водите во големи количини се вратија во езерската постела, а локалните рибарски флоти повторно работат. Како што рече претседателот на Светска банка, Роберт Зелиг во 2009, „Враќањето на северното Аралското Море покажува дека катастрофите направени од човекот можат барем делумно да бидат повратени“.

Додека расте аралската плима, и зелениот бран започна да се шири низ Африка - не од вода, туку од дрвја. Целта е: да се намали Сахара со садење „голем зелен бран“, од Џибути на исток до Дакар на запад. Со скоро две милијарди долари од фондовите од Механизмот за глобалната околина на Светската банка, со оваа иницијатива десега успешно се насадија преку 20.200 хектари дрвја во Сенегал.

Потиснувањата на Сахара може да изгледа како залуден обид. Но денес огромната пустина е најновиот феномен. Во предисториско време, Сахара била релативно мала. Дури и во римско доба, делови кои сега се пустина биле познати како житница на империјата. Садењето дрвја можеби нема да ја обнови пустината со преубавите долини од предисторијата, но може да го сопре и да го сврти текот на она што доскоро се сметаше за неповратен процес на пустинизација. Па затоа не е за изненадување дека, како што вели специјалистот на управување со земјиштето, Крис Реј, „Идејата за повторно зазеленување на Африка се шири брзо како шумски оган“. Тој го споредува сегашниот ентузијазам со 70-ите, кога „условите тогаш беа толку слаби, што беше невозможно да се замисли што може да се постигне“.

Реј работи со иницијативата за зазеленување на Африка, која ги поддржува малите фармери, воглавно во западен Сахел, за да ги заштитат и управуваат со дрвјата кои растат таму и околу нивните полиња, ефикасно трансформирајќи ја целата околина во „агрошумски парк“. Сателитските снимки на американското Гелошко друштво, наведуваат дека ова резултирало со пет милиони хектари засадени нови дрвја само во Н��гер. Очигледниот доказ за ова се растечките повисоки приноси во новонасадените области, додека зеленилото помага во превенција на ерозија на земјиштето и во зашита на водите.

Идејата за пошумување на пустината може не е толку недостижна како што звучи од прва. Од 1982, Кина засади повеќе од 40 милијарди дрвја долж јужните граници со пустината Гоби, и планира да насади дополнителни 40,5 милиони хектари до 2020 година. Ова нема само пдеднаш да создаде нови пошумени области со големина на Германија, туку ќе придонесе и зо раст на виталноста на платото Лоес, кое лежи на југ. Таму живеат повеќе од 50 милиони луѓе, и ова еден од најсиромашните региони во Кина по векови непропорционално фармерство што ја претвори областа во „најеродирано место на планетата“. Но проектот започнат во 1995 од Светска банка и кинеското државно шумарство, бавно го трансформира регионот во околина со терасести шумски појаси и нови плодни полиња. Како резултат на ова, велат од банката, просечните приходи по домаќинство таму се удвоиле.

Во меѓувреме, прашумите (дождовните шуми) одамна се сметаат за неповратно загубени кога еднаш ќе исчезнат. Но новиот подем на осиромашените почви нудат докази во спротивното. Во Костарика, започна проект од сега починатиот психолог за растенија Карл Леополд (правнук на Алдо Леполд) кој успешно создаде прашума на уништените пасишта за стока. На Борнео, микробиологот Вил Смитс исто така повторно создаде прашума врз унишетата почва. Мотивирани од желбата за да се создадат животни средини за орангутани кои се под закана од уништувањето нашумите, Смитс откри дека еколошката рехабилитација нема само да им биде од корист на беспомошните мајмуни, туку исто така ќе ја подобри и човековата животна околина. Работејќи со локалата заедница, Смитс донесе повеќе од 760 видови дрвја на 2,000 хектари од напуштената земја, и создаде ефикасен нов екосистем: прашума направена од човек. Новите растенија придонесоа за поголема облачност и повеќе дождови за 30 проценти.

Но не сите средини се еднакво поправени, и растата сомнежите во врска со од човек направените верзии дека можат воопшто да го заменат вистинското. Екологот Дејвид Морено Матеос од Универзитетот Станфорд предупредува дека реставрацијата често создава нецелосно обновување. „Секој екосистем е различен, и кога еднаш ќе биде унишетн потребни се векови за целосно обновување“. вели тој. „Треба да се мине долг пат пред да разбереме како успешно да изведеме обновување“. Постигнувањето „успех“ не е само предизвик за научниците, вели Хју Ноулс од Форумот за иднината. „Кога ќе споредиме екосистеми, често користиме тесноумни дефиници за жподоброж“, вели тој, „што е стремеж да се искористат нивните функции на основа на тоа како им служат на нашите потреби“. Лавгроув се согласува: културните, социјалните и економските фактори „го комплицираат она како ја мериме вредноста на еколошките загуби или еколошка добивка“. Тоа не сопира некои да имаат големи соништа. Меѓу нив е и екологот Џош Донлан, директор на Напредни конзервационистички стратегии. Тој смета дека реставрацијата е, по дефиниција, вежба низ историјата и најважното, определување што значи „оригинално“. „Не се работи само за стопирање на уништувањето“, вели тој. „Можеме да погледнеме назад низ времето да ја обновиме природата“. Во она што тој го нарекува „враќање на дивината од плеистоценот“, Донлан предлага повотрно доведување на видови „кои се отсутни од екоистемот веќе илјадници години“. Големите цицачи, како лавовите и камилите, биле витален дел од природната средина во Северна Америка, пред луѓето да дојдат пред околу 10,000 години. „Знаме дека големите суштества треба да бидат многу важни за долгорочно обезбедување на биодиверзитетот“, вели Донлан, кој верува дека таквите иницијативи можат да придонесат за економска корист во форма на долари од туризмот и работа во управувањето со земјиштето. „Погледнете ги само имињата на нашит спортски тимови и автомобили: ги сакаме големите животни“.

Додека шемите на Донлан изгледаат малку забегани, во тек се помалку грандиозни варијанти. Диви коњи и ауроси (претци на домашните говеда) слободно пасат низ Холандија. Сивиот волк, кој некогаш се ловеше до работа на истребување, сега повторно завива низ паркот Јелоустоун. Денес еден нов конзорциум, меѓу кои се и ВВФ-Холандија и Арк нејчр, започнаа пилот проект со цел да се поврзат еколошките реставрации и економското опоравување. Барајќи напуштени земјишта, Ривајлдинг Јуроп работи со локалните влади и разни г��упи во заедниците, за да ги обноват уништените екосистеми и за воведување на бизнис активности поврзани со „дивината“, како што се екотуризмот и индустријата за природни производи. Тие разгледуваат изградба на „Јелоустоун“ на Карпатите, а во западна Иберија „европски Серенгети“, полн со слободни диви видови животни и со растечки сектор на екотуризам. Нил Бирни, директор на оваа бизнис група, вели: „Постои општо погрешно гледање дека повторното враќање на дивината е обид да се отстранат луѓето од природната средина. Тоа воопшо не е точно“. Наместо тоа, тој смета дека враќањето на дивината ќе послужи за хармонизирање на човековите активности, за економскиот раст и природата.

Овие обиди, иако оптимистички, можат да станат маркер за реставраторски иницијативи додека расте перцепција и амбициите за нив. „Со девет милијари луѓе на планетата ќе значи дека треба да пронајдеме нови социјалнии економски модели, кои ќе ги интегрираат луѓето и екосистемите“, вели Ноулс. Во тек се проекти од голем обем, „џепови на прогресот“ како што ги нарекува Лоугроув , кој можат да понудат претстава за тоа к��ко може да изгледа светот.

И до каде може ова да оди? Некои сметаат дека една од причините за тоа што не гледаме докази за интелигентен живот насекаде во галаксијата, е дека ниту една премногу напредна цивилизација не може да биде одвоена од својата екологија. За разлика од земјата која се гледа од далеку, не можеме да видиме брзи промени во биосферата или знаци на геградирани екосистеми.

Ноулс предлага дека можеби имаме причина да се вратиме на мислата на атомскиот научник Роберт Опенхајмер: „Стануваме како боговите, реставратори на светот“. Но тој и додава: „Мораме да запомниме дека имаме работа со неверојатно комплексни екосистеми кои штотуку почнуваме да ги разбираме. Затоа мораме да бидеме многу вниматлени, понизни богови“. (Гардијан - Лондон)


Статијата е прочитана 646 пати.

Испрати коментар



Во Велес отворен 10. Меѓународен салон на стрип
Молитвено чествување за Тоше Проески
(ФОТО) На Скопје му треба катализатор за развивање на креативната мисла
Принцезата Дијана убиена во возилото на брза помош
Прилепскиот театар подготвува премиера од Шекспир
„Самсунг“ го претстави Galaxy S3 Mini
Откриенa планетa составенa од дијаманти
„Хахаха“ во живо на Канал 103 пред скопскиот концерт
Академик Томе Серафимовски и подари на МАНУ скулптури и цртежи
Дигитална дистрибуција на новото ЕП издание на Кирил
Северина го призна прекинот на врската со Милан
Заврши фестивалот „Албански театар во Македонија“
„Блесок“ ја објави „Патагонија“ од словачкиот писател Душан Митана
Продолжува соработката на ЕУРОИМАЖ со кино „Фросина“
Преку изложбата на ракописите Македонија и припаѓа на Европа
Мустаќите во нафталин
(ФОТО) Пронајден килибар со фосилизиран пајак како напаѓа оса
Да наздравиме со чаша вино
„Луј Витон“, „Зара“ и „ХиМ“ – глобално најдобри
Ненад Секирарски го отвора 6. Моден викенд Скопје 2012
Ана Цветковска Панова изложува во Велес
„Сребрен Џед“ за македонскиот филм „Човекот со чудна навика...“
Фустанот на Џуди Гарланд од „Волшебникот од Оз“ на аукција
Парамоунт ќе гради тематски парк од 2,5 милијарди евра
Националната предлог-стратегија за развој на културата на јавна расправа
На Тумбе-кафе нови пронајдоци на некропола од 4 век
(ФОТО) Мила Кунис се соблече топлес
Благој Нацоски ќе пее на Сардинија во „Ромео и Јулија“
„Војна на ѕвездите“ наместо „Мона Лиза“ во Лувр
(ФОТО) По „Сити мол“, турканици и на „Бела ноќ“
„Век за самување“ најдобра поема за 2012 година
(ФОТО) Свеќи и ѕвездено небо за Тоше
(ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Светски ден на Бонд, Џејмс Бонд
Тетовскиот театар вечерва на МЕСС во Сараево
„Калчр девелопмент“ во живо на Канал 103
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |