08.10.2012, 12:30 Јаманака и Гордон добитници на Нобеловата награда за медицина
Јапонскиот научник Шинија Јаманака и неговиот британски колега Џон Б. Гордон се годинешни носители на Нобеловата награда за физиологија или медицина.
Наградата им се доделува за откритието дека зрелите клетки можат да бидат наново програмирани во плурипотентни клетки.
Истражувањата на научниците се поврзани со гранковите клетки и со клонирањето животни, соопштија светските агенции.
Лауреатите на Нобеловата награда за физиологија или медицина се определуваат од Кралскиот Каролински медикохируршки институт во Стокхолм, Шведска, и ги врачува кралот на Шведска, на 10 декември-годишнината од смртта на Нобел, на церемонија во Стокхолмската концертна сала.
Наградите се состојат од златен медал, диплома и пари. Годинава наградата е придружено од чек во вредност од осум милиони шведски круни или 1,21 милиона евра, соопштија британските медиуми, а паричната награда е намалена за 20 проценти.
Првата Нобелова награда за физиологија или медицина била доделена во 1901 година на Германецот Елим Адолф фон Беринг „за неговата работа врз серумската терапија, специјално за нејзината примена при дифтерија, со која се отвари нов пат за медицинската наука и која на лекарите им го даде победоносното средство против болеста и смртта“.
Меѓу попознатите научници кои ја добиле Нобеловата награда за физиологија или медицина се наоѓаат Иван П. Павлов од Русија, во 1904 година, Роберт Кох, од Германија, во 1905 година, Александер Флеминг од Велика Британија, во 1945 година, Џорџ Бидел од САД, Едвард Тејтум од САД, Џошуа Ледерберг од САД, во 1958 година, и други.
|