08.10.2012, 17:59 Кој е бегот Хасан Приштина?
Хасан Приштина бараше автономија на Албанија во рамките на Отоманската Империја. Кога не се случи тоа, се префрли на обединување на албанските територии
Љупчо Поповски
Неочекувано, името на Албанецот од Косово, Хасан-бег Приштина, почна да станува фамилијарен поим во македонската јавност. Неговото споменување, поврзано со сменетото име на едно од училиштата во скопски Чаир, за македонскиот дел од јавноста во голема мера значеше како вадење едно име од темните тефтери на историјата со кои оваа земја нема ништо заедничко. Но, не е баш така.
Официјалната историографија со децении малку го споменуваше бегот Хасан Приштина и тоа беше поврзувано со времето кога пред сто години почна Првата балканска војна и кога турската власт беше протерана од овие простори. Хасан Бериша, кој во 1908 година по Младотурската револуција и откако беше избран за пратеник во Отоманскиот парламент го смени презимето во Приштина заради областа која ја претставуваше, беше еден од важните учесници во разврската која дојде со голема брзина. Како син на богат земјопоседник (роден во косовски Вучитрн во 1873 година), Хасан можеше да биде школуван во елитни школи – прво во француската гимназија во Солун, а потоа на факултетот за администрација во Истанбул.
Откако младотурците брзо се откажаа од своите идеали и откако стана јасно дека империјата веќе не може да се одржи, сите почнаа да бараат брзо решение за териториите што ги населуваат. Пред почетокот на балканските војни беше јасна поддршката на Австро-Унгарија за создавање албанска држава како противтежа на српскиот и грчкиот експанзионизам. Главното прашање беше каков статус ќе добие Косово. Хасан Приштина и неколкумина врвни албански интелектуалци го презедоа организирањето востание во Албанија и во Косово против турската власт. Приштина, заедно со Бајрам Цури и Иса Болетини, беше задолжен за Косово. Пред почетокот на балканските војни во август 1912 година, косовските востаници и' упатија барање на турската влада за албанска автономија во рамките на Отоманската Империја, познато како 14. точки на Хасан Приштина. Косовските востаници, како и македонските револуционери стравуваа дека нивните територии брзо ќе бидат разграбани од надоаѓачките балкански буржоаски држави и за нив решението за автономија во рамките на империјата беше подобро отколку поделба. Но, историјата не е поврзана со желбите.
Кога Грција, Србија, Црна Гора и Бугарија и' објавија војна на Турција на 8 октомври 1912 година (вчера се навршија точно сто години), распадот на империјата не можеше да се запре. Србите влегоа во Албанија, дури до Драч; Црногорците го освоија Скадар, Грците ја освоија Јанина, Бугарите цел Пирин. Приштина на чело на албанските востаници од Косово ги освои повеќето тамошни градови и на еден ден влезе во напуштеното Скопје и си за��ина. По големата победа во Кумановската битка, во празното Скопје влегоа и српските војски и тука останаа. Требаше брзо да се прогласува независност на албанската држава. Тоа се случи на 28 ноември 1912 година. Прв премиер беше Исмаил Кемал, а Хасан Приштина беше неколку пати министер. Во 1920 година стана пратеник во албанскиот парламент од областа на Дебар, а беше и премиер на албанската влада, но само пет дена во декември 1921година. Ги загуби политичките битки со Ахмет Зогу, тогаш министер за внатрешни работи, се повлече од Албанија, но не можеше да отиде во Косово, кое веќе беше во состав на Кралството СХС. Замина за Солун и како многу богат човек купи огромна вила во центарот на градот. Беше убиен од Албанецот Ибрахим Чело во 1933 година во кафе-ресторан во Солун. Дали Зогу испратил агенти да го убијат или било во прашање крвна одмазда не е докрај расчистено.
Каква врска има бегот Приштина (чија основна цел беше албанските територии да се обединат во една голема држава) со Македонците? Во 1920-1930-те години тој е во блиска врска со озлогласениот лидер на ВМРО, Ванчо Михајлов, и со водачот на хрватско усташко движење, Анте Павелиќ. Ванчо Михајлов во своите „Спомени“ пишува за своите контакти со Хасан Приштина, поврзани во една цел – борба против Србите. Павелиќ, Приштина и Михајлов потпишале и спогодба за заеднички настап во борбата против српскиот хегемонизам и за одделување во посебни држави на Хрватска, Косово и Македонија, кои беа во тогаш веќе Кралството Југославија Ништо не се случи од тоа. Приштина се сретна со Михајлов во пиринските села, но беше убиен неколку месеци подоцна. Михајлов беше принуден да избега од Бугарија по колежите што станаа неподносливи за владата во Софија; Анте Павелиќ подоцна создаде марионетска нацистичка држава. Нив двајца ветриштата ги однесоа на историските ѓубришта.
Хасан Приштина се смета како светилник во историјата на Албанците во Косово. Пред една недела Универзитетот во Приштина беше прекрстен со неговото име; таму веќе има негов споменик, а таков ќе биде подигнат и во Тирана. Споменикот во Скопје тргна да го затвори триаголникот од величењето на стоте години од создавањето на албанската држава.
|
|
Статијата е прочитана 5632 пати.
|
Испрати коментар
|
|
zbunet, 09.10.2012 00:29:04 | i nasata drzava deneska go velica hasan pristina, cija edinstvena vrska so makedonija e toa sto zaedno so eden golem makedonec, vanco mihalov, se borel protiv nasite braka, srbite... pa posle zosto mladite si odele od ovaa drzava... |
| slartibartfast, 09.10.2012 08:38:33 | Niti Vanco e golem makedonec, niti Hasan se borel zaedno so nego za nasite interesi. I edniot i drugiot se borele za interesite na drugi drzavi, a makedonsite gi gledale samo kako plen.
Ama ajde da gi vidam sega vmrOVCIVE, kako ke se spravat so situacijava koga na tri razlicni teritorii se postavuva spomenikot na Hasan, a toa sepak nesto znaci. |
| Itar Pejo, 09.10.2012 08:38:48 | Znaci Hasan e albanski Cento! |
| Epten si zbunet, 09.10.2012 08:56:52 | Zbunet , navistin a si zbunet. Toa ne nasata drzava da goi velica Hasab Pristina, ami albancite od nasata drzava so pravo go postuvaat i velicat , bidejci toj e eden od osnovopoloznicite na albanskata drzava i kauza. Koga mozat razni Konjanici, Olimpii ,Justinijani ,i drugi poznati i nepoznati licnosti od istoirijata, na koi sovremenata makedonska kauza voopsto ne im bila ni na pamet , da se kocoperat so statui na plostadot , zosto da ne moze Hasan Pristin a da i ma spomenik na plostadot Skenderbeg. I kolku da ti e jasno , jas sum makedonec , ama realen i ne letam vo oblaci kako tebe. |
| mare, 09.10.2012 10:46:18 | makedonia i skopje se markira so spomenici za da se zagrabi sto pogolem del koga ce dojdi do podelba,cair e vece izgubeno |
| Кемал Ататурк, 09.10.2012 10:48:59 | За сето ова криви сме ние ТУРЦИТЕ, затоа што си отидовме па оставивме село без кучиња.
А волци многу.
И уште нешто дали Приштина и Михајлов не договарале и поделба на територии македонски и нели многу работи Ви се ДЕЖА ВУ |
| kontinuitet, 09.10.2012 12:43:48 | Izgleda ona sto Hasan Pristina ne uspea, da gi obedini site albanci, toa sega go pravi DUI, no so cija pomos??? |
| tihi, 09.10.2012 15:10:08 | Taka e koga nekoi prashanja ne zasluzhuvaat odgovor.I koga Ljubcho beshe kriv za 2001va.A sega likuva za ova. |
| Ајван Доктор®, 09.10.2012 16:40:31 | Ете,токму затоа ВМРО и нивните компањони немаат ништо против градењето споменик на Хасан Бериша!Заедничко им е слепата омраза кон Србите и сè што е српско!Активен во идејата за отцепување на Косово и Метохија и Санџак од Југославија и нивно присоединување кон Албанија!Заедно со Павел Христов и Александар Протогеров заговараат делење на Македонија,според истите граници на кои беше поделена во време на Втората светска војна,ни помалку различни од тие што ги црташе гражданинот на Б’лгарија ЉуБчо,поранешен премиер на РМ!Ете,зошто не им направат споменици на Бајрам Шабани,Османи Алириза,или на Јусеин Јусеини?Ќе се согласам и со оние на Али Шукрија,или на Ррахман Морина?Немам ништо против!Но со споменици на луѓе кои заговарале етнички чисти држави - Никогаш! |
| do epten, 09.10.2012 18:14:17 | Mozebi Olimpija,Justinijan ne se borele za makedonskata kauza,no Aleksandar Veliki,Goce,Dame,Misirkov,Karev,Cento...se borele za makedonstvoto i imaat spomenici.Nema da ima nikavo delenje na Makedonija zatoa sto SDS i Ljubco nema da dojdat na vlast. |
| Struma, 09.10.2012 22:06:02 | додека мислиме на тоа кој е Приштина кој е Александар тогаш значи немаме идеи како да ја водиме оваа држава кон просперитет.
Младината заминува во други земји а ние изигруваме политичари и не знам што друго,а немаме утре сабајле пари за леб 20 години наназад,.Нека ни е наздравје изгледа толку ни факак коката.? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Обилни врнежи
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|