Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
08.10.2012, 17:40

Одговорот за Грција ќе почека

Државниот врв ќе го чека извештајот на Европската комисија пред да и' прати одговор на Атина

Слободанка Јовановска

На државниот врв не му се брза да испрати одговор на Атина на меморандумот што минатата недела грчкото МНР го проследи до јавноста дома и во Македонија. Неофицијално, не се очекува одговорот да биде готов пред објавувањето на извештајот на Европската комисија за Македонија, а најавите се дека малку е веројатно тоа да се случи до крајот на неделава. Иако генерално шефот на дипломатијата Никола Попоски на неформален начин ја поздрави грчката иницијатива и ги посочи главните забелешки, очигледно и натаму се мери неговата политичка тежина и се калкулира на каков начин да се одговори, а да не се влијае на шансите на земјата на самитот на ЕУ во декември, кога ќе се решава дали по четвртата препорака Македонија конечно ќе добие и датум за преговори.

Единствена реакција вчера дојде од претседателот Ѓорге Иванов, кој како и шефот на дипломатијата го поздрави предложениот Меморандум „како одговор на македонските иницијативи за интензивирање на соработката и на напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за разликата околу името“. Тој повтори дека Привремената спогодба од 1995 година треба „безусловно да се почитува“ и апелира Атина стриктно да се придржува до рамката во која се води процесот, односно Привремената спогодба и резолуциите 817 и 845.

Како што пренесе „Утрински весник“, европски дипломати не биле воодушевени од грчкиот меморандум бидејќи не нудел ништо ново што би довело до компромис, но го гледаат како начин на Атина да си отвори простор да ја тргне блокадата кон Македонија, иако на крајот може да се случи и обратно. Најизненадувачки е, од оваа дистанца, што на меморандумот му претходеше жестока кампања од Грција против еврокомесарот Штефан Филе и засилени изјави за негативна кампања и национализам од страна на Македонија, па во тој тренд на топло-ладни потези од Атина, тешко е да се извлече некаква политичка константа. Од друга страна, досегашната практика на допишување меѓу македонскиот и грчкиот државен врв оди во прилог на одолговлекувањата, како што се случи впрочем со одговорот на грчкиот премиер Андонис Самарас на писмото од нашиот премиер Никола Груевски, на кое јавноста веќе заборави кога стигна реакцијата. Неофицијално се дознава исто така дека и најавената средба на медијаторот Метју Нимиц овој месец не е извесна и е под голем прашалник.

Инаку, дилемата на државниот врв е како да го поздрави меморандумот но и да го отфрли, бидејќи во нашите политички кругови тој е оценет како некоректен па и несериозен и дека практично значи грчко барање Македонија да стави потпис на црвената линија на Атина. Во предлозите претставени како рамка за решавање на спорот стои барањето Македонија да прифати географска одредница за името и тоа да важи за сите употреби а не само за ОН, односно според ерга омнес принципот. Во кој правец се движи пак европското расположение, и покрај инсистирањето Македонија сепак да го реши спорот со Грција и тоа без одлагање, се гледа од Стратегијата за проширување на ЕК која треба да биде објавена во среда, но веќе циркулира во медиумите. Во неа стои дека процесот на проширување е негативно погоден од билатералните спорови, па како најеклатантен пример се споменува токму нашата земја. По владеењето на правото, второ прашање по важност во стратегијата се добрососедските односи, додека зад нив се само економските прашања. Притоа, се бара билатералните прашања да бидат решени што е можно побрзо, „за време на процесот на проширувањето“, во дух на добрососедство и имајќи ги во предвид вкупните ЕУ интереси. ЕК оди понатаму, па нагласува дека решението на ваквите проблеми треба да се бара на линија на воспоставените принципи и методи, вклучувајќи го и барањето пресуди од Меѓународниот суд на правдата, со што индиректно се признава и и' се дава легитимитет на хашката одлука за Македонија.

Иако делува релативизирано, Брисел притоа ја цитира пресудата на Хаг дека Грција ја прекршила обврската да не става вето за Македонија во Букурешт, што значи дека на голема врата таа сепак ја внесува како политичка референца во односот кон нашата држава. Во овој случај очигледно како аргумент за притисок на Атина, балансирајќи го тоа со ставот дека мора да се најде заедничко прифатливо решение за спорот.


Статијата е прочитана 1290 пати.

Испрати коментар



Кој е бегот Хасан Приштина?
Чаир гневен од говорот на премиерот
Споменикот на Приштина ќе биде дивоградба
Непријатни прашања од десничарите до Самарас
СДСМ ќе ја тестира Владата и на скопскиот плоштад



прашање, 09.10.2012 06:47:54
И да бидеме примено во НАТО и ЕУ како ФИРОМ, што ќе биде кога ќе се промени името ФИРОМ како што бараат Резолуциите на Советот за безбедност на ОН? Нели тоа привремено име ќе биде заменето ( во НАТО и ЕУ и ОН ) со новото име кое ќе го договорат Македонија и Грција? Значи името ФРИОМ кое сега се употребува ЗА СИТЕ НАМЕНИ, не само во рамките на ОН, ќе биде заменето со новото име. И зошто би не` примиле во НАТО и ЕУ како ФИРОМ, кога ФИРОМ мора да се замени со друго име кое ќе го договорат Македонија и Грција?
pile, 09.10.2012 08:43:06
Razbirlivi se i za pozdravuvanje naporite na EK i clenkite na EU za resavanje na bilateralnite sporovi so sosedite i zemjata aplikant za polnopravno clenstvo pred zaclenuvanjeto,odnosno za vreme na procesot na prosiruvanjeto, posebno ako se raboti za bilateralen spor so veke zemja clenaka na EU. Vakviot priod e osnovan ne samo zaradi kompaktnost na Organizacijata tuku i kako instrument za pritisok nad zemjite za nadminuvanje na bilateralnite sporovi, sto e edna od celite na obedinuvanjeto, koja vrednost vo nikoj slucaj ne smee da se postavuva nad prethodno postignatite megjunarodni spogodbi i akti za odredeno bilateralno prasanje i negovo odlozjeno resavanje,(posle bezbednosno, ekonomsko institucionalno jaknenje i dr,na R.M.) kako slucajot so nametnatiot spor za razlikite so imeto pomegju R.Makedonija i R.Grcija i postignata VS od 1995 godina.Ako nekoj saka resenie na sporot pred se toa se Makedonskite gragjani. ili mozjebi ceni deka privremenoto ime(grozna referenca)ne e potcenuvacko
Neizmerno sakam da ostane Makedonija, no ..., 09.10.2012 14:49:01
Kolku znam, Rezolucijata 817 veli so Grcija da gi reshime razlikite okolu imeto na nashata drzava, shto e poblaga forma na onaa *smenete si go imeto*. Bez toa reshenie, nema kade da odime. Toa mora na site da ni e jasno, odnosno ili ime ili EU i NATO. Treto nema, posebno ne i ednoto i drugoto. Ako se politicharite odluchat da go zrtvuvaat imeto, shto e sepak pomalo zlo od gubenje na drzavata, jas sum za ime Nova Makedonija. Naj simpatichno, najprifatlivo (donekade i usadeno poradi vesnikot) i ako se zeme predvid realnosta na nashata mlada nacija i ushte pomlada drzava, a ne glupata i nerealna antika (od koja bi se avtomatski i distancirale), togaj izborot e nedvosmislen - Nova Makedonija! Povtoruvam, ne zatoa shto sakame, nego zatoa shto morame.
do prasanje i pile, 09.10.2012 18:42:16
BJRM se koristi ograniceno,a ne sekade.Pod ustavnoto ime ne priznaa 134 drzavi,a nekoi sto se uste ne ne priznale so ustavnoto ime ni se obrakjaat so ustavnoto ime.Ete na natprevarot vo Glazgov na britansko tlo megju Skotska i Makedonija bese napisano samo Macedonia od tamosnata televizija.Ako se trga imeto BJRM,na negovo mesto ke dojde samo ustavnoto ime i nikoe drugo.Makedonskite gragjani sakaat odbrana na imeto i ne sakaat menuvanje na imeto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |