Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
03.10.2012, 18:14

Градовите се полнат, а селата се празнат

Како резултат на иселувањата во Македонија има 147 празни, раселени места, а стотици имаат до 10 жители

Маjа Томиќ


Школување, вработување или склучување брак. Тоа се најчестите причини поради кои Македонците, пред се' помладите, се' помасовно се преселуваат од селата и од помалите во поголемите градови. Најголем дел, секако, бараат егзистенција за себе или за целото семејство. Во поголемите градови подобри се и условите за образование, со оглед на големиот избор на училишта и на универзитети. Оттаму, јасно е зошто околу 50 отсто од лицата кои заминуваат од селата во градовите се токму млади на возраст од 15 до 29 години. И можностите за наоѓање работа се далеку поголеми во градовите во споредба со помалку населените места каде што во последните десетина години е речиси невозможно да се најде вработување.

Процесот на миграциите од селата во градовите, според демографите, трае со години наназад, но е многу поинтензивен во изминатите десетина години.

„Како резултат на иселувањата од селата многу општини останаа без жители. Според податоците од последниот попис во 2002 година, во Македонија има 147 празни, односно раселени населени места, а стотици имаат до 10 жители. Тоа е процес кој трае со децении, а следниот попис најверојатно ќе покаже уште попоразителни факти. Но, во дадените економски услови, тоа е ситуација што многу тешко може да се спречи или да се лекува, бидејќи не постојат услови за реватилизација на селата. Се' додека тоа не се случи, нема да престане ниту мигрирањето во градовите и во поголемите населени места, воопшто“, вели демографот и статистичар Дончо Герасимовски.

Тој додава дека миграциските движења имаат силно дејство врз развојот на населението од повеќе аспекти. Како прво тие влијаат на дистрибуцијата на населението, а тоа значи на преселбата од едно во друго населено место, општина или држава. Што значи, бројот на населението се зголемува во едно, а се намалува во друго населено место, без разлика дали станува збор за релацијата село - град или град - град. Односно доаѓа до појава на депопулација на просторот.

„Во 2011 година од една во друга општина се отселиле и се доселиле 6.048 граѓани, а во рамките на истата општина се доселиле 1.564 лица или вкупно 7.612 граѓани го промениле местото на постојано живеење. Во најголем дел преселувањата или промената на местото на живеење во внатрешните миграции, или во градовите, се прави од повеќе причини. Пред се' или 52,9 отсто заради склучување брак, 31,7 отсто поради семејни причини, 5,6 отсто заради вработување, потоа следи школувањето и друго“, објаснува Герасимовски.

Според статистиката, во 2011 година преселувањата од селата во градовите во најголем дел биле на лица на возраст од 15 до 29 години и тоа 49,4 отсто. А, од една во друга градска, скопска општини, кои ги има 10, се преселиле 532 граѓани.

И Светска банка во извештајот за 2011 година: „Одржливи градови во Македонија“, констатира дека само во петте најголеми градови, Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Прилеп, живее речиси половината или 40 отсто од целокупното население. Најголемиот процент од нивните жители не се родиле таму, туку избрале да живеат во овие градови.

„Во последните десет години бројот на урбаното население во Македонија се зголеми за над 150.000 луѓе, речиси колку големината на Тетово и Прилеп заедно. Тој тренд му користи на народот и на економијата. Од тројца Македонци, повеќе од двајца живеат во градовите. Тие нудат подобри услуги, повеќе можности за работа и културен диверзитет. Исто така, градовите создаваат најголем дел од богатството на земјата, тие се моторите на економскиот раст, а нивната сила и економска вештина е прозорецот кон светот за луѓето. Тука се концентрирани компаниите и се отвораат нови претпријатија“, се вели во извештајот.

Сепак, сите македонски градови не се развиваат со иста брзина. Иако луѓето генерално преферираат да живеат во градовите, тие, исто така, прават внимателен избор каде да се преселат и бараат добра инфраструктура и услуги со добар квалитет, како и атрактивна комбинација на економски и рекреативни активности.

„Локалните власти можат да влијаат на моделите на живеалиштата преку инвестициски одлуки и добро урбано планирање. Обликувањето на тие населби со мешовита употреба треба да биде еден од приоритетите на градоначалници и ��рбанистите. Соодветната инфраструктура е одличен почеток. Но, не треба да се инвестира многу во нова инфраструктура во раширените урбани населби, а да се оставаат малку пари за одржување на постојната инфраструктура. Како резултат на тоа, квалитетот на услугите се намалува, а системите стануваат поскапи за одржување“, стои во извештајот.


Статијата е прочитана 1378 пати.

Испрати коментар



Петмина добитници на наградата „11 Октомври“
Мини-централата „Базерник“ готова до крајот на октомври
Ако нема здрава вода, децата нема да одат на училиште
И децата знаат да произведуваат квалитетно вино
Кавадарчани ќе ја гасат жедта со два милиона евра



analiticar, 04.10.2012 06:25:22
od 45g pa navamu se se pravi da se ispustat selata a sega i gradovite.Treba vo selata da se ukinat danocite i da se donesat niza povolnosti pa taka mozebi ke gi spasime selata,ne moze vo marievo i skopje da bide isto se po 1evro.....
Goko, 04.10.2012 07:49:09
Pa eden pat Skopje-Makedonski Brod stoi dopraven / nedopraven sto godini. I pokraj toa sto sega ima ezero privlecno za sekogo, tamu nema normalen pat. I sto da pravat lugeto od tamu?
Istocna Makedonija, 04.10.2012 09:29:14
Cudno ne se objavuva,evidentno postoecki fakt vo vrska so migracijata selo-grad vo Makedonija. Toj proces e veke zavrsen,godini nanazad.Osven, starite,recisi site od selata se otselija vo gradovi-\te/Nekoi se snajdoa i sega se najgolemi gragani, na ubavi rabotni mesta,a imotite si gi zadrzaa na selo.Drugi za korka leb se macea vo fabrikite,ili reda radi ,,rabotea,,i pak nivite im stoeja.Treti i najmalku stanaa tranzicioni zrtvi i bezemjasi.Koi sela,80% izumrea,site sega se novokomponirani gragani.Toa e visinata,kakva animacija na selata. Tamu,ovie imaat vikendicki,odat na vikend.
od ostrijot, 04.10.2012 10:42:57
pogresen vije naslovot on treba daglasi selata se ispraznija a sega sepraznat i gradovite negi sporeduvajte site gradovi so skopje on e edin koj moze dase pofali so blag porast dodeka kaj drugite moze dase zabelezi naglo namaluvanje .
Mirko, 04.10.2012 11:47:55
Mi se cini, deka e golema greska napravena poradi nepravilni proceni za eden normalen zivot vo golemite gradovi. Konkretno Skopje. Zosto se dozvoluvase i sega se dozvoluva slobodno naseluvanje, a prethodno da se nema obezbedeni sredstva za zivot. Ovaka, ostaveni se sela bez zemjodelci, a se stvarat tzv. industriski rabotnici ili sluzbenici. Ednostavno, treba se regulira so zakon. Sekoj ko saka da odi vo drugiot grad, najprvo da si obezbedi rabotno mesto i sredstva so koi moze da zivee tamu, a ovaka samo stvaraat socijalni problemi.
nekoj, 04.10.2012 12:23:28
Vo banani drzavi selata se opustoseni. Site se skoncentrirani na edno mesto. Vo najrazvienite zemji vo Evropa skoro i ne postoi razlika megu selo i grad. Tamu, zmejodelecot e pobogat od toj sto raboti vo fabrika.... no toa za ponapredni civlizicaii...za banani drzavi ne e.
solomon, 04.10.2012 12:34:06
Nisto novo,toa e proces koi go iniciraa komunistite vednas po osvojuvanjeto na vlasta vo 1945 god.So prinudnata kolektivizacija i so parolite ke gradime teska industrija,prva petoletka i drugi nebulozi gi zapustea selata i go unistija zemjodelieto.Za zal toj trend prodolzuva i denes i pokraj promenata na politickiot sistem vo RM.I aktuelanata vlast prodolzuva so fosiranjeto na gradovite i posebno na glavniot grad Skopjea a seloto e kompletno marginalizirano.I normalno koga nema rabota i uslovi za ziveenje lugjeto ke migriraat vo gradovite barajki podobri uslovi.I kako sto trgnala rabotava izgleda deka eden den cela RM ke s preseli vo Skopje i patem moze da bide resen i problemot so imeto ke se vikame Republika Skopje,!!
Ајван Доктор®, 04.10.2012 12:37:37
Бракот е само изговор!Главната причина е вработувањето,и тоа не може никој да го демантира!Само во Скопје живее пола Македонија!Јасна ми е погрешната политика на властите во социјализмот и нивниот обид за здружување на работниците и селаните!Запустувањето на селата започнува од тогаш,но загрижува фактот што „ренесансните“спин-мајстори,масовно го поддржуваат ваквото запустување на руралната средина!Во места со руинирани живеалишта,амбуланти и училишта,внесоа безжичен интернет!?Уште да почнат да им градат барокни фасади и споменици!Преку 50% од амбулантите се напуштени,исто и школите!Субвенциите и земјоделските површини ги завземаа партиски војничиња вработени во јавна администрација!Какво добро може да донесе за економијата ваквиот наплив во градовите?Тие што веќе живеат таму се без работа,но затоа дојденците експресно ги запоседнуваат работните места!Не,заради поголема адекватност,или повисоко образование,туку затоа што се спремни да згазат сè пред себе за да стигнат до целта!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |