Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
24.02.2012, 17:56

Кој е грчкиот пријател на Метју Нимиц?

Солунскиот бизнисмен Ефтимијадис и Нимиц се пријатели од 1989 година, пред медијаторот да биде инволвиран во македонско-грчкиот спор

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Медијаторот Метју Нимиц, освен што преговараше во Скопје и во Атина, најде малку време и за дружење со старите пријатели. Единствениот слободен ден меѓу двете средби, во вторникот, 21 јануари, медијаторот му го посвети на својот долгогодишен пријател, солунскиот бизнисмен Никос Ефтимијадис.

Нимиц и Ефтимијадис заедно со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис во вторникот прошетаа низ археолошките музеи на Солун и на Пела, а таквата можност медијаторот можеше да си ја дозволи бидејќи од Скопје вообичаено заминува за Солун со автомобил , па оттаму фаќа авион за Атина.

За тоа кој е грчкиот пријател на Нимиц најмногу пишуваат солунските медиуми откако овој познат солунски бизнисмен во 2010 година ја најави својата кандидатура за градоначалник.

Ефтимијадис (тој е претседател на големата земјоделска компанија „Агритекс“) и Нимиц се пријатели уште од 1989 година. Како што изјавил Ефтимијадис, со специјалниот претставник на Обединетите нации за спорот за името се запознале на Кипар, пред Нимиц да ја добие оваа функција бил амбасадор на САД во Никозија.

„Се запознавме на конференција на Кипар, по една расправија со новинар од Турција за грчко-турскиот спор. Оттогаш сме многу добри пријатели“, објаснил Ефтимијадис на прес-конференција во 2010 година, додавајќи дека со медијаторот заедно ги посетиле вселенскиот патријарх во Истанбул, биле во Вергина и на Света Гора.

Бизнисменот споменал дека постојано ја користи можноста да ги образложи грчките позиции пред медијаторот. Ефтимијадис ја поддржува грчката црвена линија за сложено име со географска одредница и за ерга омнес употреба, а ја критикувал политиката на македонската Влада како „иредентистичка“. Според медиумите, Ефтимијадис смета дека со името треба да биде решено и прашањето за идентитетот за во иднина да се избегнат нови проблеми меѓу двете страни.

Покрај долгогодишното пријателство, Нимиц и Ефтимијадис се дел од управниот одбор на невладината организација Центар за демократија и помирување на Југоисточна Европа, која работи на помирување и подобрување на соработката меѓу државите од Западен Балкан. Солунскиот бизнисмен го бие добар глас во втората грчка престолнина. Ефтимијадис освен што го раководи долгогодишниот семеен бизнис во агротехнологијата, пред неколку години бил и претседател на Стопанската комора на северна Грција. Ефтимијадис влезе во трка за градски татко на Солун без поддршка од некоја партија во ист период со својот пријател Јанис Бутарис, кој ги доби изборите за градоначалник

Весникот „Македонија“ пренесува дека покрај пријателството со Нимиц, Ефтимијадис има добри врски со семејството Буш и со голем број американски дипломати. Блиски пријатели на Ефтимијадис тврдат дека секој нов конзул на САД во Солун при првото доаѓање се запознава со Ефтимијадис, кој е добар пријател со Николас Барнс, поранешен амбасадор на САД во Атина, како и со поранешниот заменик-државен секретар за надворешни работи и член на Советот за национална безбедност на САД, Ричард Шифтер.

Според весникот, Ефтимијадис е добро запознаен со проблемите и темите на Балканот и директно учествува со активности преку асоцијацијата на 45 бизнисмени и инвеститори во регионот.

Ефтимијадис е роден 1944 година во Солун, а неговите родители се од источна Тракија. Студирал на Земјоделскиот факултет во Солун, а магистрирал во Англија. По војната во Југославија, Ефтимијадис почнал да го шири бизнисот и во Србија, Бугарија и Романија, а според информации во грчките медиуми, соработува и со компании од Македонија и од Романија. Освен бизнисот, солунскиот пријател на медијаторот Нимиц ја основал и организацијата Културна компанија на бизнисмените од Северна Грција, а дел е и од управниот одбор на Државниот музеј на современата уметност. Тој, исто така, е колекционер на стари автомобили.




Статијата е прочитана 3140 пати.

Испрати коментар



Кој е Џејмс Бериша, „летачкиот Албанец“?
Клеветата, најпосле, декриминализирана
Прво ратификација, па екстрадиција на осомничените
Аиво Орав од четврток во Скопје
Ставрески



vlado, 25.02.2012 00:17:18
Еве доказ зошто Македонија треба да истрае во својата битка, па тој не е ни македонец, доселеник во Солун со родители немакедонци, и тој сеа ќе одлучува во Грција за преговорите и нашето име. Смешно, не вреди ни да се замараме веќе со грциве, тие водат крајно ненормална политика спрема цела една нација и си градат илузија за една Голема грција без да имаат сметка за другите народи околу нив, за тоа беа помогнати од големите сили, али не верувам дека ќе биде вечно, сметката стигна до нив
Исто како vlado, 25.02.2012 09:20:58
Значи штом му се родителите од Источна Тракија тие се христијани доселени од Турција после анексијата на 51% македонска земја од Грција во 1913 и пола Тртакија во 1920. Значи син на колонизаторско семејство. Христијани разменети со Турција. После го учат грчкиот јазик и се најголемите националист Грци оти се доселени на туѓо. Нема шанси за договор. Еве и на вакви колонисти помешани со Македонци и тие нека бидат Грци ама зошто Грција не ги признава чистите Македонци што се како нас а беа огромно мнозинство до 1913. Срам за светската демократија. Не клекнувам на овие грчки фашистички уцени. Нашите дејци од пред двеста години си дале име македонско. Мора да истраеме и да се избориме а се е на наша страна.
Cumu ni e posle toa?, 25.02.2012 10:00:09
Vlado !Smesno i politicki glupo e posle e da ne se zanibavama so Grcite , ami ete sprema tebe i niv i Nimic da gi batalime. Toa bi sakal i jas, no za zal toa ne e vozmozno. Grcija ni e juzen sosed i sosed so koj sakale ili ne morame da go resavame onaj iracionalen spor.koj ni e nametnat od nivna strana. potpolno e nezdrelo i neseriozno nie da gi prekinime pregovorite kako sto predlagaat nekoi patrioti.Toa Grcite edvam i go cekaat , za da mu pokazat na svetot kolku sme nekonstruktivni.Ako sakame vo EU i NATO site relevantni sili i licnosti jasno ni kazaa deka mora da dojdeme do nekakov komproimis so Grcija. Koga edna Srbija eve potpisuva linija za razgranicuvanje so Kosovo ,se so cel da zapocne pregovori za EU,sto Vi kazuva toa? Mozebi sakate da vodime politika kako Slobodan Milosevic?Razberete deka Mk bez vlez vo EU i NATO nema perspektiva da opstoi.Vie gi zaboravate Albancite ,a i golemite sili.So inaet mozeme da go zadrzime imeto, a da ja izgubime drzavata. A cumu ni e posle toa?
Tina, 25.02.2012 10:52:06
da, zamorno e. koj ima snaga neka si go trosi vremeto. jas ke odam na kapocino, i ke ja slusam pesnata na googl, mambo italijano, toj sto pee so lutki okolu sebe. i taka ke ja soberem izgubenata energija. vidi pa nemozam ni golemite bukvi da gi klikuvam. ahhhhh, nemam snaga, i taka na tamo, Grcite mislat ke ne otepat so zamor. Jas neznam za tebe, ama jas imam snaga do 2013, pa ke vidime po na tamo. Eh? Aj so zdrave.
Od bankrut malce mito mal kuver, 25.02.2012 20:23:27
Do cumunie posle toa Svetska nee opste vo nato i ic nesaka Narodot dae vo eu isto i Norveska nee vo eu, vo eu e dobro dasi edino za politicarite da zema golemi plti da perat pari i korupcija isto kako grcistata i tie se vo eu i nato i pak se vo bankrut vo grcia ima sve ali nema grci a Makedonci ima sekade va Svetot jas nebi mugo smenal imeto na mojot pes................
ez-mani, 25.02.2012 22:30:56
nimic nekasi ja vrshi rabotata,a rabotata mu e nemaj rabota nishaj vratata.evropa sakalla ne sakalla go ima realnosta,grchkite politichari kade se zameshale sekade neuspeshno ja vodele zemjata,pa zatoa i postoi svetskata progovorka gubitnik kako grchkato est tie edinstveno mozhaat da dobijat od makedonskijot narod makedonija vo kvadrat.vo pravo e toj shto go brani svoeto ime i identitet,a gubitnik e sekogash to sht vrshi nepravdi i namerni politichki diskriminacii.
makedonski albanec, 25.02.2012 23:05:09
dragi moi sogragani i jas go delam istoto mislenje so vas nikako menuvanje na imeto zatoa sto ako se smeni imeto makedoncite ke bidat bez koreni,megutoa jas ovde vo ovaa prokleta eu imam komsii grci edniot e dr .na nauki veli deka narodot doselen vo oblasta makedonija e karpatsko pleme a makedonska nacija ne postoi isto kako da nareces solunska nacija pozdrav
Makedonec, 26.02.2012 01:35:02
Najgolema precka za postignuvanje resenie e Grckata priistrasnost na Nimic. Nimic samo glumi deka za $1 dolar rabioti kako mediator vo sporot, toj e debelo platen od Grcki drzavni i para drzavni krugovi i toj obrabotuva Grcka agenda. Makedonija mora da pobara negova smena i da bara nekoj od tretiot svet za mediator, kako Indija, Kina ili Arapskite zemji... Samo na toj nacin ke vidite koj bil preckata za resenie na sporot.... Sto poskoro negova smena - toa podobroza Makedonija
VP, 26.02.2012 18:17:05
Кој е грчкиот пријател на Метју Нимиц? Зошто човекот да нема пријатели во Грција - нема лошо ... А има ли пријатели во Македонија? Во секој случај тоа дава некаков контекст; a контекстот и предрасудите се проблемот!
Dimo, 26.02.2012 23:26:45
Mirkica, koga pisuva Sveta gora ,treba da napise i Kutles namesto Vergina, i da ne go reklamira mnogu ovoj antimakedonec, biznismen koj turka erga omnes(smeneto ime po diktat na grcija, za celosna upotreba). MAKEDONIJA ime NE menuva! Pozdrav.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |