17.02.2012, 15:17 Куклена претстава „Муминтрол и зимата“ во МНТ
Претставата работена според романот „Муминдолина среде зима“ на Туве Јансон, ќе биде изведена на 19-ти и 26-ти февруари во 18 часот, на Малата сцена на Македонскиот народен театар
Куклената детска претстава „Муминтрол и зимата“ на Буден Театар, работена според романот „Муминдолина среде зима“ на Туве Јансон, ќе биде изведена на 19 - ти и 26 - ти февруари во 18 часот, на Малата сцена на Македонскиот народен театар.
Туве Јансон (1914-2001) е една од најпознатите фински автори чии книги за Мумините се преведени на повеќе од 30 светски јазици и имаат милиони почитувачи.
Јансон самата и ги илустрирала своите книги, а измислените ликови во нив сега претставуваат еден вид заштитен знак за нордиските земји. Врз база на нејзините книги, се снимани бројни анимирани серии, детски филмови, реализирани се детски претстави и детски опери.
Куклите во „Муминтрол и зимата“ според оригиналните скици на карактерите на Туве Јансон ги изработиле Димитар и Петја Димитрови од Бугарија. Во претставата играат: Златко Митрески , Милиана и Моира Ленак, а потписник на оригиналната музика е Виктор Гајтановски. Милиана Ленак е автор на режијата, сценариото и сценографијата. Претставата на раэбирлив, эа децата јаэик зборува за процесот на прифаќање на нови и различни нешта, за важноста на отвореноста кон промените. (К.Р.)
|