17.02.2012, 13:11 Клуни: Осамен сум и понекогаш премногу пијам
Холивудскиот глумец Џорџ Клуни (50) призна дека понекогаш е осамен, дека ноќе се бори да заспие и дека понекогаш премногу пие
- Секој кој вели дека понекогаш не е осамен, лаже. А најосамен сте кога сте со толпа по клубовите. Ќе отидете така на некое место и ќе завршите во најмалиот можен агол, бидејќи тоа на сите им го одвлекува вниманието и на крајот не уживате како сите други, вели Клуни во интервјуто за „Холивудски репортер“.
- Најосамен бев во лошите врски. Нема ништо поизолирано од тоа. Тоа ми се случувало во животот, призна актерот.
Клуни рече дека во минатото доживеал жена да го изневери и да го остави заради некој друг. Холивудскиот заводник, кој е номиниран за Оскар за најдобра машка улога во филмот „Потомци“ (The Descendants), е разведен од актерката Талија Балсам. Моментално е во врска со поранешната професионална борачка Стејси Кејблер.
- Понекогаш премногу пијам. Уживам во пиењето и имало моменти во мојот живот кога ја минував границата меѓу забава и опивање до доцна во ноќта без никаква причина. Тоа што јас го направив е дека престанав. Не сум се напил пијалок од новогодишната вечер, тврди Клуни.
Тој наведе и дека ноќе се буди по пет пати, а главно легнува во кревет околу десет навечер. Клуни, исто така, признал дека пробал кокаин кога бил млад.
- Шмркањето апсолутно не ме покрева, додаде тој.
Актерот порано се шегувал дека не може да се кандидира за некоја јавна функција затоа што спиел со премногу жени, конзумирал премногу дрога и бил на премногу журки.
Тој додаде дека бил несреќен и неуспешен во многу работи во животот, пред да го стекне статусот на филмска ѕвезда во телевизиската болничка серија „ER“ во 1994 година.
Клуни истакна дека по повредата на главата, која ја доживеа во текот на едно снимање во 2005 година, живее со хронични болки.
|