Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.02.2012, 12:44
Дописник на „Њујорк Тајмс“ умре во Сирија



Ентони Шадид, талентиран странски дописник чиишто извонредни извештаи за „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Бостон глоуб“ и Асошиетед прес и кој речиси две децении ги покриваше конфликтот и превирањата на Блискиот Исток, почина во четвртокот очигледно од асматичен напад додека работел на сторија во Сирија. Тајлер Хикс, фотографот на „Тајмс“ кој бил со Шадид, го пренесе неговото тело преку границата во Турција.

Шадид (43) известуваше од Сирија една недела, собираше информации за Слободната сириска армија и други вооружени елементи на отпор кон власта на претседателот Башар ал-Асад, чиишто воени сили беа ангажирани во сурова репресија на политичката опозиција и во конфликтот кој сега е речиси една година стар.

Сириските власти, кои цврсто ги контролираат активностите на новинарите во земјата, не биле информирани за неговата работа од „Тајмс“. Точните околности под кои починал Шадид и неговата прецизната локација внатре во Сирија кога тоа се случило веднаш не беа обелоденети.

Но, Хикс изјави дека Шадид, кој боледувал од астма и си носел лекарства со него, почнал да покажува симптоми од болеста додека и двајцата се подготвувале да ја напуштата Сирија во четвртокот, и тие се влошиле во тоа што подоцна стана фатален асматичен напад. Хикс им телефонирал на неговите уредници во „Тајмс“ и неколку часа подоцна тој бил во можност да го пренесе телото на Шадид во Турција.

Главниот и одговорен уредник Џил Абрамсон, ги информираше вработените во весникот во четвртокот вечерта преку електронска порака. „Ентони почина онака како што и живееше – одлучен да посведочи за трансформацијата што се случува на Блискиот Исток и за страдањето на луѓето фатени меѓу владиното угнетување и опозициските сили“, напиша таа. (Њујоркт тајмс)



Статијата е прочитана 1053 пати.

Испрати коментар



Уганда го призна Косово како независна држава
Професор натепал ученици на голем одмор
Премиерот се надева на суштинска средба во Атина
Груевски најави изградба на нов Клинички центар
Се шири листата на осомничени за „Калдрма“
Македонија останува конструктивна во разговорите за името
(ОБНОВЕНО) Два куршума испукани врз телевизија Алфа
Ограбен Археолошкиот музеј во Древна Олимпија
Македонците во Албанија на средба со ОБСЕ
САД повлекуваат од Европа повеќе од 11.000 војници
Евакуација на болно момче од Малино со хеликоптер
Нов бран македонски азиланти во Швајцарија
Пад на профитот на банката „Сосиете Женерал“
Зголемена платата на битолскиот градоначалник
Јабланица се поврза со останaтиот свет
Германскиот претседател поднесе оставка
(ВИДЕО) Повторно запалено македонското знаме во Приштина
Сообраќајот се одвива забавено, наместа има голомразица
Kоординација кај Иванов во пресрет на посетата на Нимиц

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -9°C

Недела
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |