17.02.2012, 13:15 „Софија на столица“ - изложба на Богдан Грабуловски во Прилеп
Грабулоски ќе се претстави со инсталација од истоименото дело, скулптура изработена во мермер создадена во 1984 година
Изложба на реномираниот македонски уметник Богдан Грабулоски - Бонач под наслов „Софија на столица“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, родниот град на авторот каде што тој живее и работи.
Грабулоски ќе се претстави со инсталација од истоименото дело, скулптура изработена во мермер создадена во 1984 година, а изложбата ќе ја отворат историчарката на уметност Марика Бочварова Плавевска од Музејот на современата уметност и Маринко Шлакески.
Богдан Грабулоски (1948) дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Приштина, а магистрирал на Факултетот за ликовни уметности – ѕидно сликарство на Универзитетот за уметност во Белград. Во 1999 година бил назначен за „Витез на Академијата – оддел за уметност на Ordine Accademica Internacionale, Греци, Марино, Вербано, Италија. Самостојно изложувал во Македонија, а неговите дела биле презентирани и на голем број групни изложби во странство. За своето творештво, неколкупати е и наградуван. (К.Б.)
|