17.02.2012, 15:33 Фергусон го гледа Гигс како негов наследник
Според медиумите во Англија, Фергусон ќе биде уште најмногу две години на клупата на Манчестер
Менаџерот на клупата на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, изјави дека по неговото заминување во пензија може да го наследи се' уште активниот фудбалер Рајан Гигс.
Според медиумите во Англија, Фергусон ќе биде уште најмногу две години на клупата на Манчестер, па така уште од поодамна се зборува за можниот негов наследник. Гигс, кој ќе наполни 39 години кога ќе почне наредната сезона, исто така е во игра за селектор на Велс по смртта на Гери Спид.
|