Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
21.02.2012, 15:42
Пронајдена „помлада и посвежа“ Мона Лиза од париската



Посетителите на мадридскиот музеј „Прадо“ можат да ја видат т.н. „Мона Лиза од Прадо“, која како што тврдат експертите е изработена во студиото на Леонардо да Винчи и во исто време кога и оргиналната слика

Шпански кустоси открија првична копија на популарната слика „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, изработена во уметничко студио на овој познат уметник, на која убавицата со таинствената насмевка изгледа помлада и пораскошна отколку на оригиналот што се наоѓа во парискиот музеј „Лувр“.

Посетителите на мадридскиот музеј „Прадо“ сега можат да ја видат т.н. „Мона Лиза од Прадо“, која како што тврдат експертите е изработена во истото студио и во истото време кога и оргиналната слика.

На мадридската копија на сликата, за која првобитно се веруваше дека е направена могу години по оригиналот, Мона Лиза стоела пред црна позадина, но на реставрираната верзија црната боја е отстранета и посетители сега можат да видат пејсаж од ридови и реките кои наликуваат на деталите од оригиналната слика.

Кустосот од „Прадо“, Мигел Фаломир вели дека верзијата од шпанскиот музеј е „најверојатна прва позната копија на Џоконда“ и дека со експертска анализа е утврдено дека и таа е изработена во уметничкото студио на Да Винчи во исто време кога и оригиналот.

- Таа меѓутоа претставува дело на кое Леонардо подоцна не интервенирал, нагласи Фаломир.

Од 26 март „Мона Лиза од Прадо“ ќе биде изложена покрај оригиналната „Мона Лиза“ во „Лувр“.

На сликата од „Прада“, Џоконда делува помладо и посвежо од онаа во Париз, а пејсажот е побогат.

Заменик-директорот на „Прадо“, Габриел Финлади тврди дека причина за тоа е што сликата од „Лувр“ е „нечиста“. - Кога сликите се нечисти тогаш моделите делуваат постаро, смета тој.

- Ова без сомнение е големо отркитие за „Прадо“. Сликата е многу понтересна отколу што сме мислеле и ни дава можност подобро да го разбереме оригиналот во „Лувр“, рече Финлафи.

Историчарите на уметноста сметаат дека жената на сликата Лиза дел Џоконда е сопруга на трговецот од Фиренца, Франческо дел Џоконда.


Статијата е прочитана 1569 пати.

Испрати коментар



Кураторот на „Зимски салон“ Мауре�� во Скопје
Фотоизложба на Катја Штркова
Раде Шербеџија во Скопје на 17 март
Адел триумфираше покажувајќи среден прст на раката
Бандерас ќе го глуми Пикасо во „33 дена“
Принцот од Монако натепан во Њујорк
Северина се породи, синот се вика Александар
Руската Парис Хилтон во кампања против Путин
Македонецот Стефан Лошковски избран за најубав маж во светот
Шведска ЛГБТ-изложба и дводневна конференција
„Златен прстен“ за писателот Веле Смилевски
Погребна церемонија
Милчо Манчевски добитник на наградата ЦЕИ 2012
„Цезар мора да умре“ добитник на „Златна мечка“
Куклена претстава „Муминтрол и зимата“ во МНТ
Промовиран филмот „Дојди во Карпош“ во продукција на ЕСРА
„Софија на столица“ - изложба на Богдан Грабуловски во Прилеп
Клуни - Осамен сум и понекогаш премногу пијам
Филмот за нацисти кои ја напаѓаат земјата во фокусот на Берлинале
Електронскиот бенд „01 плант“ во живо на Канал 103



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -5°C

Магла

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -2°C

Петок
Ведро
Макс: 9°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |