21.02.2012, 15:07 Бандерас ќе го глуми Пикасо во „33 дена“
Дејството на филмот го следи прославениот уметник во текот на 33 дена на создавање на неговото најпознато дело, маестралната „Герника“, која денес е изложена во музејот „Реина Софија“ во Мадрид
Во новиот биографски филм „33 дена“ кој ќе го следи животот на легендарниот сликар Пабло Пикасо, Антонио Бандерас ќе ја игра главната улога. Дејството на филмот го следи прославениот уметник во текот на 33 дена на создавање на неговото најпознато дело, маестралната „Герника“, која денес е изложена во музејот „Реина Софија“ во Мадрид.
Филмот нема да се фокусира само на Пикасовиот креативен процес на создавање, туку и на комплицираната љубовна приказна меѓу него и неговата голема љубов, француската уметница Дора Мар. Сценариото за филмот го потпишуваат Карлос Саура, Елијас Керехта и францускиот писател Луј Шарл Сиржак. Саура ќе биде задолжен и за режијата, а филмот ќе се снима налето во Париз
|