Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
21.02.2012, 17:08

Половина милион млади со години живеат на грбот на родите��ите

Низок животен стандард, висока невработеност, социјална исклученост и недоверба во институциите се главни проблеми на младата популација

Маја Томиќ


Состојбата со младата генерација во Македонија е алармантна. На возраст од 15 до 29 години живеат 483.448 лица, или речиси една четвртина од населението и тие спаѓаат во загрозена група која се соочува со социјална исклученост, невработеност и недоверба во институциите. За младите Македонци финансиската независност изгледа недостижно ако се има предвид фактот дека половина од нив се невработени, односно дури две третини се финансиски зависни од своите родители. Половина од вкупниот број млади имаат поминато повеќе од една година во барање работа, што има негативни последици за нив и предизвикува лузни на професионален и на приватен план. Тие се соочуваат со низок животен стандард, корупција и немаат информации за функцијата на државните институции. Ова го покажа анализата на „Реактор-истражување“, во рамките на проектот „Република Млади“.

„Младите многу години чекаат да се вработат иако сакаат и се подготвени да почнат да работат веднаш. За жал, како најуспешен модел за вработување досега се покажаа личните контакти. Загрижува што најголем дел од вработените млади нашле работа преку пријатели и роднини и генерално не им е воопшто јасна улогата на Агенцијата за вработување од која малкумина добиле помош. Од онаа група на млади кои успеале да најдат работа, речиси третина се вработиле без или само со усен договор со работодавецот“, вели Дона Костуранова, претседател на Младински образовен форум.

И средношколците се незадоволни од својот статус. Според резултатите од анализата, тие ценат дека немаат никакво влијание во општеството и дека не се стекнуваат со потребното искуство во образовниот процес со кое ќе можат да развиваат критичко мислење, ќе бидат свесни за средината околу себе и ќе практикуваат тимска работа. Во анкетите тие одговориле дека не добиваат можност да се запознаат со работата на државните институции, како и дека ако не се промени ништо, за десет години половина од нив би ја напуштиле државата. За подобрување на нивниот статус во општеството треба и можат да помогнат локалните и националните власти, образовните институции, Агенцијата за млади и спорт, граѓанските организации, но не треба таа комуникација да се сведе на повремени апели за помош и за акција, туку тоа треба да биде континуиран процес кој ќе ја зајакнува позицијата на младата популација.

„Идејата се роди кај 48 младински организации кои се обединија да дадат коментар на лошиот предлог-закон за млади, кој беше повлечен. А, таа е дека е потребно да постои едно тело за сите млади, кое континуирано ќе работи на подобрување на нивната состојба, ќе ги застапува младинските интереси, ќе покренува иницијативи, ќе истражува и ќе дава насоки кон институциите и сите засегнати страни. Тоа тело – национален младински парламент, би било признато од државата како репрезент на ставовите и одлуките на младите, а би ја претставувало Македонија пред меѓународните младински организации“, вели Костуранова.

Анализата на „Реактор-истражување“ покажа дека во образовните институции недоволно се промовираат волонтерството и неформалното образование и наместо младите да добијат можност уште во средното образование да дискутираат, да ги застапуваат своите идеи и мислења и практикуваат демократија, над 80 отсто од средношколците изјавиле дека не учествувале во изборот на средношколската унија, а 70 отсто и ни знаат дали во нивното училиште постои такво тело.

Младите не се надеваат на помош од државата

„Три години редовно се пријавувам во Агенција за вработување и навистина не знам дали еден ден воопшто ќе имам ќар од тоа, односно дали оваа институција ќе ме вработи некаде. До сега никогаш не ме повикале на некаква обука или преквалификација, ниту пак ми понудиле работа. Не верувам дека тоа и ќе се случи, затоа што имам средно образование. Истото е и со моите пријатели кои се во слична позиција на мојата. Во меѓувреме, немајќи друга опција, работам на црно, затоа што не сакам со 23 години се' уште да им бидам на товар на моите родители“, посочува скопјанецот Т.И.

И студентите сакаат да работат

„Редовен студент сум на трета година на Универзитетот ’Блаже Конески’, владеам два светски јазика и познава�� работа на компјутер. Упорно барам нешто да работам во слободните часови за да си имам паричка за џепарлак и да изградам воедно и некакви вештини кои подоцна би ми биле од корист при вработување. Но, попусто. Сите фирми каде што конкурирав досега ме одбија. Истовремено, преку домашни агенции многу пати аплицирав за работа во странство, за преку летните месеци, но засега и од таму немам потврден одговор. Во секој случај, убеден сум дека ми се поголеми шансите и дека попрво ќе најдам работа надвор од земјава отколку тука“, вели М.Т. од Скопје.

Невработеност кај младите

Невработеноста е најголемиот непријател на младата популација. Додека вкупната стапка на невработеност во државата изнесува 32 проценти, од нив дури 45,8 отсто се млади на возраст меѓу 15 и 29 години. Но, не дека тие не сакаат да работат. Според анкетата на „Реактор-истражување“, дури 96,6 отсто од нив се подготвени да почнат со работа веднаш, а 99 отсто се изјасниле дека сакаат да работат. Само 17,9 проценти, или помалку од една петтина изјавиле дека заработуваат сами.

 


Статијата е прочитана 1861 пати.

Испрати коментар



Дигитална агенда
Три компании сакаат да менаџираат со зоната во Тетово
Инвестиции ќе се бараат и во Израел
„Меркатор“ не се продава на „Агрокор“
Во јануари инфлација од 3,4 отсто
Нема наскоро авиони за Прага и за Будимпешта
Ставрески уште мисли за рокот за „Купи куќа...“



jovan, 22.02.2012 00:12:07
Ova e vaka veke so godini nanazad. Ne e nesto novo. Novo e sto pocnaa i luge na 35-40 godini (so familii) da ziveat/prezivuvaat od penziite na roditelite.
загрижен родител, 22.02.2012 10:14:44
Страшно и за родителите и за децата.Родител сум на две факултетски образовани деца ,дури и со посдипломски студии,а СЕГА КАДЕ?,кај ново- печените ,неписмени газди за минимални плати, или да заминат во странство.Двајцата родители сме интелектуалци и точно е дека треба да ги издржаваме децата,но до кога? нели треба да формираат семејства.СТРАШНО,СТРАШНО, излезот каде ке биде господ нека ни е на помош.
c-dur, 22.02.2012 12:27:36
Taka e koga site sakaat da rabotat administrativna rabota / citaj legacka / a nikoj ne saka da raboti direktno vo proizvodstvoto.Taka e koga prethodnata komunisticka vlast gi preseli selanite vo grad / ke gradime fabriki,prva,vtora petoletka i slicni komunisticki gluposti /!Za zal i novata vlast trgna po toj pat i deneska RM e zemja mozebi so najgolem broj na univerziteti i broj na studenti vo odnos na goleminata na drzavata.Dali nekoj razmisluva kade ke se vrabotat tie studenti.Od druga strana opustea selata,zemjata stoi neobrabotena,znaetite izumrea i glavna cel na site vo RM e da go napustat seloto i provincijata i da se preselat vo Skopje,i kako sto trgnala rabotava navistina sme na pat da staneme grad drzava - Skopje!!E ke nema rabota,normalno!!
igor, 22.02.2012 13:21:45
slussaj ti c-dur. toa sto go pisuvas e kolku da nesto napises, bez vrska. gledas i sam deka zziveeme vo edno nesredeno opstetsvo vo koe ne se znae ni koj pie, ni koj plaka.vlasta i politicarite samo vetuvaat, a si go gledaat svojot dzep. lagi i izmami na site strani....pa, sto ocekuvas od mladite, da se mazat, zenat, zasto da ragaat deca, pa tie deca treba da ziveat a, ne da zivurkaat so mamo i tato....taka da ova nee opstestvo za zivot, ili da se zamine od tuka ili....?? zasto zivotot e eden, nema repriza!
4ое4ето, 22.02.2012 13:46:18
Абе како нема работа бе немало работа..испоседнале по цел ден по кафичи и после немало работа..како нема работа кога во град не можеш место да најдеш слободно и после немало работа,сето лебојадки,лежи лебу да те јадам. Нека одат келнери,таксисти а не само да дремам по санкови и да кукаат
kiroUSA, 22.02.2012 16:25:03
Pozdrav do C-dur GRAD DRZAVA SKOPIA..... se e kazano uste da se dodade korupcija na sekoj cekor , teska i zalosna slika bez nikakov izlez.
milko, 22.02.2012 17:00:32
samo polovicno se slozuvam so gore navedenoto.I toa od dve pricini. 1.ne se bara rabota od posle 2 satot popladne od koga ke stanat (zosto posle 11 satot po polnoc izlaguvaat) 2. vo privatno opsestvo sam se probivas i ne ocekuvas nekoj da ti dade rabota tuku sam e baras. Eden moj prijatel dobro rece ima mnogu so penzii od germanija holandija i drugi zemji i koga toa ke zavrsi gledaj seir.Nema rabota a pobaraj nadnicar dali ke najdes?.gledaj celi opustosevi sela i nisto ne obraboteno ama sekoj saka vo grad blisku do omileniot kafic, so blubery vo racete i najmoderno oblecen ama tate da plati.poz
mene u eu, 22.02.2012 17:39:40
Od poodamna ocekuvav edna vakva tematika kadesto smetam bi mozel da dadam sopstven komentar.Kako diplomec na PMF Skopje i poteklo od togashnata sredna klasa,barav poveke od tri godini bilo kakvo akademsko vrabotuvanje vo RM.Vo meguvreme rabotev vremenski ograniceno vo megunarodni organizacii i go cekav mojot den..kojsto za zal vo RM nikogash ne dojde .Vrz osbnova na Brak se isseliv od RM vo EU.Normalno kako i site Makedonski diplomi i mojata ne vredeshe ni kolku eden kurs vo EU.Bev primoran da rabotam vo produkcija ,da ishranuvam cetiriclena familija i prekvalifikuvam pvo vo visha shkola potoa vo master vo CH.Celata postapka i teshki vreminja traea ne pomalku od osum Godini.Im preporacuvam na studentite pred diplomiranje, da diplomskire raboti gi realiziraat na priznati universiteti vo EU kako bi imale shansa ponatamu preku MBA ili Dr-disertacii svoeto obrazovanie vo EU go zaokruzat.prijatelski pozdrav od EU

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Сабота
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |