09.05.2012, 16:35 Полицајците ќе возат „шкода јети“ или „сеат алтеја“
Цената игра најважна улога. Кој ќе спушти помала цена - тој ќе го добие бизнисот, велат од МВР
Горан Адамовски
„Шкода јети“ или „сеат алтеја“ ќе возат полицајците откако само две компании се јавија на тендерот што Министерството за внатрешни работи кон крајот на март го распиша за набавка на нови 150 автомобили. Досегашните „крајслери“ трошеле многу и бргу се расипувале, поради што беше неопходна замена. Заинтересирани за бизнисот се „Порше Македонија“ и „КА-ДИС“. Понудите беа отворени денеска и во наредниот период ќе следи нивна анализа и оценување дали ги исполнуваат условите на огласот.
„Доколку тоа се потврди, заинтересираните ќе бидат изве��тени за терминот на јавното наддавање, бидејќи единствен критериум по кој ќе се одбере новото возило на македонската полиција ќе биде понудената цена“, соопшти МВР.
„Шкода јети“ 2.0 ТДИ 4x4, предлог на „Порше Македонија“ е моќно возило, кое може успешно да се снајде и на асфалт и на терен. Со дизел-мотор и високо ниво на опременост може да достигне максимална брзина од 190 километри/час. Според податоците на интернет, просечната потрошувачка е малку над шест литри. Во зависност од моторот (со 140 или со 170 коњски сили), погонот и нивото на опрема, цената се движи околу 20.000 евра, па нагоре.
„Сеат алтеја“ Freetrack 2.0 CR 4WD е фаворитот на „КА-ДИС“. На интернет може да се прочита дека ова силно возило има одлични перформанси, троши околу 5,5, литри гориво на 100 км, достигнува брзина до 204 км/час, а во зависност од опремата, моторот (140 или 170 коњски сили) и погонот, за ова возило треба да се издвојат околу 25.000 евра, па и повеќе.
Секако, цените што може да се најдат на интернет не мора да бидат оние со кои скопските фирми ќе се обидат да постигнат договор со МВР.
Како што веќе пишувавме, МВР се одлучи на замена на „крајслерите“ поради годишните трошоци за амортизација, кои чинеле и до 7.000 евра. Вкупно 210 „крајслери“ и 30 теренски џипови со бензински мотор беа набавени во 2000 година. Автомобилите, кои трошат 14 литри гориво на 100 километри, досега минале над 500.000 километри.
Освен за возилата, во тек е тендер за купување блиндиран автомобил, кој МВР ќе го чува за посебни пригоди. Министерството сега располага со две блиндирани возила, кои во голема мера се амортизирани. Последен пат вакво возило била набавено пред 12 години. |
|
Статијата е прочитана 2113 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Zoran, 09.05.2012 20:46:55 | Skodata Jeti e poversatilno vozilo ,vo celina ,i ima prednosti ispred seatot.Skodata ,kako i seatot se vozila od grupacijata na vw, i skodata ima podobar finish i izrabotka vo odnos na seatot.
No policijata ima potreba isto i od brzi i mali ,agilni avtomobili ,presretnuvaci ,od tipot na Subaru STI ,boxer motor ,so pogon na site cetiri trkala,Avstraliskata policija ,gi koristi za brkanje na drugi vozila.
Subaru forester,e isto idealno vozilo, ama nema seriozen dealer ,koj moze da obezbedi servis i delovi ,Subaru motorot e besprekoren, minuva preku milion km ,bez problem |
| Skupo kako SPOMENICITE!, 09.05.2012 23:36:02 | So tie pari ke kupea GM, Crysler ili Ford kako amerikanskite policii! Arno ama, KOJ KE GI POPRAVA KOGA NEMA PISMENI mehanicari? |
| Istocna Makedonija, 10.05.2012 07:43:28 | Vozniot park na MVR treba da se obnovi!Sepak
i vo biznisot ima BIZNIS! |
| bitola, 10.05.2012 08:36:13 | za makedonskite milicajci samo Jugo treba, luge od planina ne znaat da vozat kulturni avtomobili... |
| skopjanec, 10.05.2012 09:21:15 | Одговор на коментарот на ЗОРАН: очигледно вие не сте ги возеле и двата автомобила. Ви предлагам да направите еден тест, па ќе видите дали СЕАТОТ е со послаба завршна обработка од ШКОДАТА. СЕАТ АЛТЕА ФРИТРАК е за класа подобар автомобил од ЈЕТИ. Како за информација на ниво на групацијата: СЕАТ припаѓа на АУДИ, а ШКОДА на ФОЛКСВАГЕН |
| koli, 10.05.2012 09:21:50 | Беше јасно ��ако бел ден за кого е „напенален„ тендерот, со самите услови кои во него беа поставени. Со кој памет се бараат дизел мотори од над 1900ццм, кога сите модерни дизел мотори се со голема снага уште од 1500ццм па нагоре( Пежо, Ситроен, Рено, Киа, Хјундаи, Тојота... да не ги набројувам сите). Е то сеуште го нема Фолксваген, во чија групација се и Сеат и Шкода, па затоа и таков е лимитот 1900ццм |
| Kliment-Ohrid, 10.05.2012 11:13:24 | pomegju E i A, vo makedonskiot preavopis ne se stava J. Ocigledno Vi falat LEKTORI..... |
| Cirih, 10.05.2012 11:57:20 | Ja pojasnuvanje do skopjanec i do site:
Na Volkswagen i pripagaat slednive auto marki:
Audi, Skoda, Seat, Porsche, Lamburgini, Bentley, Bugatti i Scania.
Koj ne veruva neka ide vo Google! |
| avtomobilist, 10.05.2012 12:07:29 | znaci do ekspertot
ako odis po taa logika i Audi e pod kapa na Volkswagen pa nema potreba za detali tuka.
|
| Jordan, 10.05.2012 16:29:15 | Jas sum ubeden deka partiskite interesi ke pobedat i ovoj pat. Se razbira Seat e nas i najdobar.Tetka Slavka so sinovite pak ke ima golem kjar. |
| Mudrec, 10.05.2012 19:30:38 | Nasite dileri samo plachat deka nemaat rabota. Koga se otvora moznost za golema zdelka, konkuriraat samo dvajca. Ne drzi prikaznata za kubikazata, skoro site proizvoditeli mozat da ponudat 2.0 TDI motori za okolu 20.000 EUR. Izgleda gi mrzi povekjeto. Chudno e sto gi nema Mak Auto Star, ima sto da ponudat za okolu 20.000 EUR od gamata na Mitsubishi. |
| dukopandurmakedon, 10.05.2012 20:14:21 | zoran ne tresi i onaka site u milicija pijat krale marko predlagam a so e i ekoloski najdobra opcija da javnat na konj -koga konjo rikne ima i profit-mesni narezak-netreba remont ni gorivo tuku samo zelena treva i slama ise razbira da konjo e najdobro terensko cudo pitajte gi od uck -dui i oni se slagat a bez nivni amin ne odi nisto po brdo na gore.... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Делумно облачно
|
Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 29°C, Мин: 12°C
|
Недела
Ветровито
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
|