10.05.2012, 14:50 „CS Masters“ на 12 и 13 мај во Скопје
Најголемиот турнир на Балканот во Counter Strike ќе биде поддржан и од T-Home и T-Mobile
T-Home и T-Mobile ќе го поддржат „Skopje CS Masters“ - најголемиот турнир на Балканот во Counter Strike, играта која се смета за наш национален виртуелен спорт.
Натпреварот ќе се одржи на 12 и 13 мај во Скопје, а спортскиот центар Борис Трајковски ќе биде местото каде што ќе се обединат сите натпреварувачки тимови и љубителите на оваа игра. Обезбеден е и паричен награден фонд од 7000 евра за најуспешните.
На настанот ќе земат учество околу 70 тимови, од кои 40 се македонски, додека пак, во самото финале ќе учествуваат вкупно 32 тима.
Турнирот ќе може во живо да се следи на веб-страницата www.hltv.org
|