11.05.2012, 14:30 Од недела снижување на температурите за 10 степени, врнежи и грмежи
Од недела попладне, под влијание на продор на постудена и влажна воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена на времето со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни со грмежи и со засилен северен ветер.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во понеделник и вторник кога локално се очекува да наврнат повеќе од 30 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за околу 10 степени.
Постепено стабилизирање на времето ќе настапи од четврток.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
|