Македонскиот селектор со филџан кафе и со вода му пркоси на силното сонце
ФОТО: Петр Стојановски
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак денеска во Куманово на лице место ќе се увери во квалитетите на играчите младата селекција против Северна Ирска во квалификациите за Европското првенство 2013 во Израел.
Пред мечот тој беше забележан од објективот на нашиот фоторепортер Петр Стојановски во ресторанот „Пелистер“, каде што со филџан кафе и со вода му пркосеше на силното сонце.