Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
10.05.2012, 22:35

Ѕидот на мирот од Нада Прља на Берлинското биенале



Ѕидот се вклопува во концептот на годинешното издание на Биеналето кои се фокусира на релацијата помеѓу политиката и уметноста и ќе биде поставен два месеци

Црниот камен ѕид со наслов „Ѕидот на мирот“ со должина 12 метри и висина од пет метри во авторство на нашата уметница Нада Прља поставен во централниот дел Фридрихштрасе во Берлин, јужно од Чекпоинт Чарли кој директно сугерира на Берлинскиот ѕид кој во текот на Студената војна ја делеше Германија на два дела во моментов привлекува големи внимание како кај жителите, така и кај посетителите на Берлин.

„Ѕидот ја потенцира разликата помеѓу горниот дел до Фридрихштрасе каде се наоѓаат скапите продавници и станови и посиромашниот јужен дел кој води кон сиромашната мултиетничка населба, Кројзберг“, изјави за Ројтерс портпаролот на биеналето, Денхарт вон Харлинг.

Ѕидот се вклопува во концептот на годинешното издание на Биеналето кои се фокусира на релацијата помеѓу политиката и уметноста и ќе биде поставен два месеци.

Неговото поставување на конкретната локација им за цел да го потенцира јазот, но и дистинкцијата помеѓу богатите и сиромашните.

- Ѕидот е симбол на суштинскаото разграничување и ги потенцира невидливите граници - изјави Прља и додаде дека нспирација за делото добила додела размислувала каде лежат суштинските општествени разлики и заклучила дека станува збор за социјалната подвоеност, сиромаштијата и потекото.






Статијата е прочитана 290 пати.

Испрати коментар



Битолски театар вечерва со „Хенри Шести“ во Лондон
Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“
„Нокаут“ предгрупа на Дјуран Дјуран во Скопје
„Мајски оперски вечери“ от��орени со „Травијата“
„CS Masters“ на 12 и 13 мај во Скопје
„Елвис“ на Ворхол продадена за 37 милиони долари
(ВИДЕО) Снимено мистериозно подводно суштество
Почнува снимањето на „До балчак”- Приказна од Дивиот исток
Јапонската виолинистка Камио го затвора циклусот „Лауреати“
Изложбата на Пикасо во „Остен“ отворена без посебна помпа
„Матасари“ на Пиперкоски награден на фестивалот „ТимиСхорт“
Филмот „Соба со пијано“ ќе се снима во јуни
Вечерашната „Травијата“ без Благица Поп Томова
„Максим“ нов македонски филм
Слика на Марк Ротко продадена за 87 милиони долари
Митревски и Поповски со премиери на „Браќа Манаки“
Пијанистот Мишел Камило настапува во Охрид на 16 јули

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 29°C, Мин: 12°C

Недела
Ветровито
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |