Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
10.05.2012, 12:38
Јапонската виолинистка Камио го затвора циклусот „Лауреати“



Брилијантната инструменталистка вечерва во Домот на АРМ ќе ги изведе Концертот за виолина и оркестар од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 8 од Антонин Дворжак

Македонската филхармонија вечерва во Домот на АРМ ќе го одржи последниот концерт од циклусот Лауреати. Солист ќе биде извонредната јапонска виолинистка Мајуко Камио, а со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија.

Брилијантната инструменталистка Камио ќе ги изведе Концертот за виолина и оркестар од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 8 од Антонин Дворжак.

Камио, победничка на меѓународниот натпревар „Чајковски“, е една од најбараните јапонски виолинистки во светот, ексклузивец на издавачката куќа СОНИ Класикс. Настапувала со врвни светски оркестри под диригентските палки на Зубин Мехта, Владимир Ашкенази, Јиржи Белохлавек,... Свири на виолина Страдивариус, изработена во 1727 година, која му припаѓала на легендарниот виолинист и виртуоз Јозеф Јоахим.

Македонската публика имаше можност да го слушне нејзиното мајсторство минатата година кога ја отсвири Шпанската симфонија од Едуард Лало.

Мајуко Камио, родена во Осака 1986 година, дебитира во Токио на десетгодишна возраст под диригентство на Шарл Дитуа. Концертот беше пренесуван во живо од националната телевизија. Од тогаш настапува како солист со оркестарот Тонхале од Цирих и диригентот Елиаху Инбал, Израелската филхармонија со Зубин Мехта, Бостон Попс со диригентот Кит Локхарт и на турнеја со Рускиот национален оркестар диригиран од Владимир Спиваков, Прашката филхармонија, БиБиСи филхармонијата, но и во Јапонија со симфониските оркестри на Токио, Хирошима, Кјото, Осака.

Моментно се усовршува во класата на Захар Брон на Високата школа за музика во Цирих.




Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар



Битолски театар вечерва со „Хенри Шести“ во Лондон
Премиера на два кратки филма во кино „Милениум“
„Нокаут“ предгрупа на Дјуран Дјуран во Скопје
Ѕидот на мирот од Нада Прља на Берлинското биенале
„Мајски оперски вечери“ отворени со „Травијата“
„CS Masters“ на 12 и 13 мај во Скопје
„Елвис“ на Ворхол продадена за 37 милиони долари
(ВИДЕО) Снимено мистериозно подводно суштество
Почнува снимањето на „До балчак”- Приказна од Дивиот исток
Изложбата на Пикасо во „Остен“ отворена без посебна помпа
„Матасари“ на Пиперкоски награден на фестивалот „ТимиСхорт“
Филмот „Соба со пијано“ ќе се снима во јуни
Вечерашната „Травијата“ без Благица Поп Томова
„Максим“ нов македонски филм
Слика на Марк Ротко продадена за 87 милиони долари
Митревски и Поповски со премиери на „Браќа Манаки“
Пијанистот Мишел Камило настапува во Охрид на 16 јули

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРО��СКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 29°C, Мин: 12°C

Недела
Ветровито
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |