10.05.2012, 14:31 Откорнале паркет, барајќи злато
Седумдесет и едногодишна штипјанка била нападната и врзана од тројца напаѓачи, кои барале злато во нејзината куќа. Разбојништвото, соопшти МВР, се случило вчера на улицата „Вера Циривири“ во Штип. Насилниците и ги врзале рацете на жената, ја испрскале со спреј и и се заканиле дека ќе ја убијат, ако бара помош. Потоа, во една од собите на приземјето го откорнале паркетот и почнале да копаат, веројатно барајќи злато. По извесно време, и го одзеле мобилниот телефон и побегнале. Жената успеала да се солободи и да повика полиција.
Се утврдува дали и што било украдено, а се трага и по сторителите. (Г.А.)
|