11.05.2012, 15:20 Еден загинат во сообраќајка пред Скопје
Седумдесет и девет годишниот Ремзи К. од Дебар го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Велес-Скопје.
Министерството за внатрешни работи информира дека несреќата се случила околу 20:55 часот кај наплатната рампа „Петровец“ кога дошло до судир меѓу „Фиат добло“, „Мерцедес“ и „Шкода фелиција“.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил дебарчанецот Ремзи, кој бил сопатник во еден од автомобилите, по што починал на лице место.
На останати три лица кои се здобиле со повреди во сообраќајката им е укажана лекарска помош во Градската болница во Скопје.
|