Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.05.2012, 12:27
Масакр во Дамаск - 40 загинати од бомби



Две експлозии го погодија главниот град на Сирија, Дамаск, убивајќи барем 40 и ранувајќи 170 лица во, како што пренесе сириската државна телевизија, „терористички бомбардирања„.

Снимката на сириската државна телевизија од експлозијата покажа масивно уништување во предградието Ал Казаз јужно од Дамаск, каде според она што се зборува имало воен разузнавачки комплекс.

Дамаск бил мета на неколку бомбардирања во последните месеци и тоа во тек на постојани анти-владини немири.

Последната смртоносна експлозија што се случи на 10 април резултираше со 10 мртви лица во самоубиствен бомбашки напад.

Раководителот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија, Генерал мајор Роберт Муд го посети местото на кое се случија експлозиите.

Првата експлозија се с��учи набргу по 08.00 часот наутро (05:00 GMT) кога луѓето беа веќе упатени накај своите работните места.

На местото на бомбардирањата, автопатот е натрупан со извиткани метални парчиња од околу дузина уништени возила. Областа е натрупана со отпад. Експлозиите ја откорнаа фасадата на воената безбедбносна зграда и оставија два огромни кратери на големиот автопат.

Секој пат кога нешто ќе се случи во Сирија се јавуваат две приказни.

Лутите луѓе на местото на настанот ги обвинуваат Саудиска Арабија, Катар и Турција - земји кои се произнесоа со поддршка на сириската опозиција. Опозицијата, како и секогаш, наведува дека ова била цинично дело на самата влада во обид да се дискредитира опозицијата.

Кој и да е зад ова дело сакал да направи голема штета затоа што експлозијата се случила во текот на утринската гужва кога децата одат на училиште, кога луѓето влегуваат во ова воено одделение и кога луѓето со возилата одат на работа во Дамаск.

Првата екосплозија очигледно била насочена како напад на луѓето кои се наоѓале на лице местото, а втората експлозија следела веднаш по првата и била многу поголема експлозија, ББС дознава од новинар кој зборувал со очевидец.

Телевизиската снимка покажува дузина смачкани и изгорени возила, од кои некои имале во нив и тела. На патот може да се забележат два големи кратери.

Се смета дека во областа која била мета на експлозиите имало воен разузнавачки комплекс, вклучително и генерален штаб со 10 ката, а кој служел за противтерористичките операции за воената безбедност на Сирија, и кои биле вклучени во широката акција за соборување на претседателот Башар ал-Асад при тековните продемократски протести. (Би-Би–Си)

Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар



Почина таткото на Мартин Нешкоски
Папуљас во обид да формира влада на национално единство
Грчкиот политички трилер продолжува
Во Тетово пробиен полицискиот обрач
Еден загинат во сообраќајка пред Скопје
Попоски во Брисел - Македонија е добра инвестиција за ЕУ
Од недела снижување на температурите за 10 степени, врнежи и грмежи
Се подготвува теренот за црквата „Св. Константин и Елена“
Камења и навреди на протестот во Скопје
Меркел - Нема раст со нови задолжувања
Врзана, тепана, па оставена со рачна бомба
„Скопски пазар“ одбележува 60 години постоење
Брејвик гаѓан со чевел - Убиецу, оди во пеколот!
ММФ го затега ременот и ги замрзнува платите
Шојбле - Еврозоната може да го поддржи излезот на Грција
Загина рудар во Саса
Вранишковски повторно доби две и пол години затвор
Апели за мирни протести, воздржаност и одговорност
Американската амбасада апелира на мир и воздржаност
Тачи ги повика Албан��ите да не учествуваат на најавените протести
Ставрески - Ќе паднат каматите и на државните записи
„Бранот“ ги однесе Бахчовановски и Башевски
Омбудсманот отвори четири предмети за Смилковци
(ФОТО) Жената божица се крена над „Жена борец“
„Аџибадем - Систина“ за две години над 1.500 операции на срце
Избрано логото за „Скопје креатива“
Трета среќа за нова грчка влада
Пола милион денари за рекреација на пензионерите
Од дрво во училиштен двор паѓаа пари
Откорнале паркет, барајќи злато
Груевски до НАТО - Да не го изгубиме тлото под нозе
Попоски во посета на Луксембург и на Белгија
Путин не доаѓа на самитот на Г-8 во САД
Солидарноста со Грција има граници
Сарачини - Сите плати за ОХИС до крајот на јуни
Обама прв пат ја поддржа легализацијата на геј браковите
Нема знаци за преживеани во рускиот авион што се урна во Индонезија
Рамуш Харадинај се враќа на Косово
Ни Ципрас не успеа да формира влада во Грција
Апели за мирни протести
Од Светска банка 150 милиони долари
Полицајците ќе возат „шкода јети“ или „сеат алтеја“
Груевски - Заслуживме членство во НАТО и преговори со ЕУ
Орав - Во ЕУ само со нејзините вредности
Претседателот Иванов на брифинг во МНР
Јулија Тимошенко префрлена во болница
Шест партии ќе го поддржат Тадиќ во вториот круг
Радарите ќе се следат и на мобилен телефон
Филе - Црна Гора во јуни почнува преговори
Иванов - Протестот е демократско право, но судот решава според законот
„Форд“ ќе произведува повеќе автомобили
Дневно се вршат и по три евтаназии во Белгија
Одбележување на Денот на победата над фашизмот
Ципрас ги откажува спогодбите со меѓународните кредитори
Велешанец две и пол години ја силувал 24-годишната ќерка
Харадинај привремено пуштен на слобода од Хашкиот трибунал
Плата за вработените во ОХИС по ребалансот
Честитка од Иванов до Ромпуј по повод Денот на Европа
(ФОТО) „Џонсон Мети“ вложува нови 60 милиони евра
Златни коњи се извишија спроти Собранието
Историска шанса за грчката левица
Одлуката за Бошкоски донесена, но се' уште е тајна

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Делумно облачно

Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 29°C, Мин: 12°C

Недела
Ветровито
Макс: 23°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |