11.05.2012, 12:39 Двојна круна за Форца Волеј
Во завршниот натпревар од финалето на плеј-офот, со резултат од 3:1 во сетови по трет пат беше совладана екипата на Форшпед од Велес
По триумфот во националниот куп, одбојкарките на Форца Волеј стигнаа и до петтата шампионска титула во домашното првенство. Старо-новиот првак, одбраната на вториот годинешен трофеј на домашната сцена, ја обезбеди во минимална серија од три натпревари. Во завршниот натпревар од финалето на плеј-офот, со резултат од 3:1 во сетови по трет пат беше совладана екипата на Форшпед од Велес.
Дека нема да има изненадувања ниту во последното одмерување на силите, одбојкарките на Форца дадоа до знаење уште во првите два сета од натпреварот. Првиот им припадна со 25:18, додека наредните три завршија со идентични 25:16, во наизменична полза на обете екипи.
На тој начин, тимот од скопскатѕа населба Тафталиџе уште еднаш покажа дека нема дораснат ривал во државниот шампионат, со оглед на тоа дека во текот на целата сезона претрпе само еден единствен пораз. (Ј.Ф.)
|