11.05.2012, 12:47 ММФ го затега ременот и ги замрзнува платите
Меѓународниот монетарен фонд го утврдил својот кризен буџет кој предвидува замрзнување на платите и намалување на расходите, меѓу кои има затворање на постојаните канцеларии на ММФ во Аргентина.
ММФ соопштил дека неговиот Управен одбор одобрил буџет од 997 милиони долари за две години (мај 2012- април 2013 година), 1,2 отсто поголем од претходниот, но „кога се зема во предвид инфлацијата, буџетот е непроменет“, велат од ММФ.
Најзабележителната карактеристика на новиот буџет е замрзнување на платите на вработените во ММФ. Извор близок на Фондот рекол дека тоа предизвикало „извесно незадоволство“ кај вработените.
Предлог буџетот констатира и значаен пораст на работното оптоварување за последните три години, работно време подолго за 12,7 отсто на сите вработени од „нормалните часови“, а за 16,5 отсто подолго во најфрекфентните сектори на ММФ, одделението за Европа, правната служба и надворешни односи. (Ек. Р.)
|