10.05.2012, 15:24 Промовирана топката за финалето на ЕП
„Танго 12 финале“, како што ќе се вика топката ја промовира шпанскиот голман и капитен на „црвената фурија“, Икер Касилјас
Шпанскиот голман и капитен на „црвената фурија“, Икер Касилјас, ја промовира новата топка со која ќе се игра финалето на Европското првенство во Полска и Украина.
„Танго 12 финале“, како што ќе се вика топката, е единствена која е темелно тестирана во осум земји, а во последните две години од компанијата „Адидас“ работат на нејзино целосно и детално усовршување во секој поглед.
Касилјас ја претстави топката во Мадрид, а од „Адидас“ нагласуваат дека главна цел ќе им биде во топката да вметнат елементи кои се карактеристични и потсетуваат на времето на натпреварите од 80-тите години.
На самата топка можат да се забележат националните бои на организаторите на ЕП, Полска и Украина.
|