11.05.2012, 12:55 Втора победа за Кевендиш, нови проблеми за Фини
Британецот од тимот на Скај беше најбрз на делницата од Модена до Фано во должина од 209 километри, со време од 4:43:15 часа
Светскиот првак во велосипедизам Марк Кевендиш ја оствари и втората победа во петтата етапа од годинешното издание на Џиро ди Италија. Британецот од тимот на Скај беше најбрз на делницата од Модена до Фано во должина од 209 километри, со време од 4:43:15 часа. Второто место му припадна на Австралиецот Метју Гос од тимот на Орика Гринеџ, додека третопласиран беше домашниот натпреварувач Даниеле Бенати кои ги брани боите на Радио Шек-Нисан.
Втората етапна трка возена на италијанска почва ја одбележаа и новите проблеми на доскорешниот лидер во генералниот пласман Метју Фини, кој на 25 километри до целта се судри со Аргентинецот Лукас Себастијан Хаедо.
Во севкупниот поредок и натаму води Литванецот Рамунас Навардаускас од Баракуда со вкупно време од 14:45:13 часа. Зад него се тимските колеги Робер Хантер со заостанување од пет секунди и Рајдер Хесједал, кој има 11 секунди плус на своето време. Турнејата продолжи вчера со шестата етапна трка од Урбино до пристаништето во Св. Елпидио во должина од 210 километри.
|