11.05.2012, 15:13 Филаделфија против Бостон во источното полуфинале
Сиксери го совладаа Чикаго со 79:78 (4:1 во победи), додека Селтикс во шестиот меч дома ја порази Атланта со 83:80 за триумф во серијата од 4:2
Кошаркарите на Филаделфија за првпат по сезоната 2002/03 ќе играат во второто коло од разигрувањето за титулата во Источната конференција на НБА лигата, откако ноќеска со 79:78 го победија најдобриот тим на Исток, Чикаго. По оваа победа Филаделфија со вкупни 4-2 во победи стигнаа до триумфот над „биковите“.
Најефикасен на натпреварот беше Андре Игудала кој постигна 20 поени и притоа ги реализираше двете слободни фрлања на 2.2 секунди до крајот.
Кај Чикаго во отсуство на повредените Дерик Роуз и Јоаким Ноа, Британецот Луол Денг имаше „дабл-дабл“ учинок 19 поени и 17 скокови, но тоа беше недоволно за победа.
Противник на Филаделфија во следната рунда ќе им биде Бостон, кој во шестиот натпревар дома ја победи Атланта со 83:80 и со 4-2 се избори за полуфиналето на Исток.
Кошаркарите на Денвер се изборија за „мајсторка“ во 1. коло од плеј-офот на Западот откако со 113:96 го совладаа Лос Анџелес Лејкерс и го изедначија скорот на 3-3 во победи.
Вечерва се игра само еден натпревар, а тоа е дуелот меѓу Лос Анџелес Клиперс – Мемфис (3-2 во победи).
|